Црна хроника
Во болница во Софија задржани четворица преживеани од бродската несреќа
Десет лица, кои вчера беа повредени во бродската трагедија во Охридското Езеро, синоќа се прегледани на Военомедицинската академија во Софија, соопшти заменик-директорот на болницата Евгени Белоконски
Шестмина од прегледаните ја напуштиле болницата по сопствена желба, откако им биле обработени повредите – претежно модрици и гребнатини. Во моментов во ВМА има четворица од повредените, јави бугарската новинска агенција БТА. Единиот од нив е на хируршкиот оддел со контузии во делот на грбот. На интензивна нега е жена со аспиративна бронхопневмонија, чие лекување најверојатно ќе трае подолго. Таа беше хоспитализирана и во болницата во Охрид и беше во најтешка состојба. Во моментов нејзината состојба е добра.Мајката и сестрата на 22-годишната девојка која загина во несреќата исто така се во болница и се под голем стрес поради загубата. Најверојатно и нивното лекување ќе трае подолго.Четворица од преживеаните денеска ќе се консултираат со специјалисти со цел да го надминат стресот, иформира психијатрот Илија Маринов. Лекарите се надеваат дека во текот на наредната недела сите хоспитализрани ќе бидат пуштени дома. Директорот на ВМА, генерал Стојан Тонев им изразил сочувство на блиските на загинатите во несреќата во Охрид. Тој ја истакнал ангажираноста на државата, добрата координација меѓу институциите на Бугарија и на Македонија, како и експертското ниво што го обезбеди бугарската страна, јави БТА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

