Спорт
Ањели: Фудбалот мора да се промени, постојано се расправам со Чеферин
Претседателот на Јувентус и на Европската асоцијација на клубовите (ЕЦА), здружението на најмоќните и најбогати светски клубови, смета дека мора да има промени во светот на фудбалот и додава дека постојано се расправал со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.
На состанокот на ЕЦА, откако првин зборуваше за економското влијание на пандемијата на Ковид-19 врз фудбалот, тој се фокусира на финансискиот интерес што го пројавија големи финансиски институции за фудбалот.
„Во мојата земја има предлог на компанијата ЦВЦ за ТВ-правата, во некои земји има други проекти, а глобално тука е интересот на ‘Џеј Пи Морган’ за европската суперлига. Кога има интерес од такви играчи и големи финансиски институции, тоа значи дека има потенцијал за светла иднина во нашата индустрија. Овие личности, за разлика од нашите акционери, не се заинтересирани за солидарност, туку за враќање на инвестицијата. Тоа значи дека со инвестирање во фудбалот може да добиеме поврат на инвестираното. Фудбалот, финансиите и водењето на клубовите се на раскрсница и мораме да ги прифатиме предизвиците“, вели Ањели.
Тој потоа ја кажа визијата за промена.
„Мораме да ги поставиме фановите во центарот. Сегашниот систем не дава многу за модерните фанови и има погрешна перцепција за тоа кои се фудбалските фанови. Ако се гледаат истражувањата, третина од фановите следат најмалку два клуба, ситуација што не беше таква пред неколку години. Исто така, 10 отсто од фановите следат фудбалери, а не клубови, две третини следат фудбал од страв да не пропуштат нешто, 40 отсто од тие на 16 до 24 години, славната генерација Ц нема никаков интерес за фудбалот. Има премногу мечеви што не се конкуренти дома и во куповите. Ризикуваме да ги загубиме фановите и затоа сум благодарен на разговорите со УЕФА. Иако не е тука, му се заблагодарувам на претседателот Чеферин за расправиите што ги имавме од октомври до декември. Тоа беа продуктивни расправии и карања“, додава Ањели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

