Црна хроника
Битолчанец се сомничи за полов напад врз дете
Битолчанец години заработи кривична пријава од СВР Битола, под основано сомнение дека сторил кривично дело „полов напад на малолетник кој не наполнил 14 години“, откако бил откриени од полицајци нпри рутинска контрола на напуштен објект
Во случајов оштетната е 13,5 годишно девојче кое во средата околу 12 часот на пладне, се сретнало случајно со пријавениот кај битолската Железничка станица, а при разговор и било понудено да се повозат со неговиот мотоцикл низ градот.„Наместо тоа тој ја однел оштетената во индустрискиот дел на Битола, по што влегле во една од напуштените куќи во овој дел од градот и каде што пријавениот извршил полово дејаствие врз оштетната. При рутинска контрола на споменатиот напуштен објект од страна на полициските службеници од пограничната полиција Солунски пат, биле затекнати пријавениот и оштетната“, изјавил портпаролот на СВР Битола, Ѓоко Стрезовски , пренесува ТВ Тера.Резултатите од гинколошкиот преглед на девојчето и нејзините искази не се совпеднале и се претпоставува дека сексуалното дејствие било само орално. Пријавениот 49-годишен Б.Р. е приведен и задржан во СВР Битола при што му е одредена мерка притвор во рок од 30 дена. Заради натамошно постапување известен е и Центaрот за социјални работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

