Црна хроника
Момче избодено со нож во тепачка
Дваесетгодишно момче синоќа околу 1 часот било прободено со нож во градите во тепачка што се случила на улица „Финска“ пред казино клубот „Астра Мастер Бет“ во скопската населба Ченто, соопштуваат од МВР
Тепачката се случила меѓу две спротиставени групи момчиња, од двете страни по четири лица.Во тепачката дваесетгодишното момче било прободено со нож во грбот, кај градниот кош, а негов врсник се здобил со расекотина на десната аркада. Прободеното момче е пренесено во градската болница, а полесно повредениот бил однесен во Ургентен од каде, по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.Инспекторите излегле на лице место и разговарале со двете повредени момчиња, кои ги идентификувале учесниците во тепачката. Увидната екипа зела траги од крвта но се уште не е пронајден ножот со кој било прободено момчето.Досега се приведени три лица кои се осомничени за вмешаност во тепачката. Ако ова биде потврдено против нив ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

