Европа
Само 11 отсто од Французите би гласале повторно за Оланд
Министерот за економија Емануел Макрон, кој неодамна си поднесе оставка од должноста, во секој случај ќе биде подобро пласиран од актуелниот претседател Франсоа Оланд во првиот круг од претседателски избори пролетта следната година, објави парискиот дневен весник Le Figaro според резултатите од анкетата на компанијата за истражување на јавното мнение TNS Sofres-Onepoint.
Во истражувањето се наведени неколку можни сценарија на настаните во првиот круг од француските претседателски избори кој е планиран за 23-ти април 2017 година. Во секое од овие сценаријата се претставени различни варијанти на претседателските кандидати.
Според едното од сценаријата во анкетата во првиот круг од изборите 16 отсто од испитаниците имаат намера да гласаат за Емануел Макрон како кандидат на левицата, а само 11 отсто за актуелниот претседател од владејачката Социјалистичката партија Франсоа Оланд,
Во ваквото сценарио анкетата покажала дека 26 отсто од испитаниците би гласале за челничката на партијата од крајната десница Национален фронт, Марин Лепен, а 20 проценти за поранешниот француски претседател Николас Саркози, кој најверојатно ќе биде кандидат на конзервативната партија Републиканци.
И според другите претпоставени сценарија, Оланд заостанува зад Макрон за 6 или 4 отсто.
Анкетата била спроведена по нарачка на весникот Le Figaro и телевизискиот канал LCI од 2-ри до 5-ти септември над малку повеќе од илјада испитаници.
Францускиот министер за економија Емануел Макрон, на крајот од август поднесе оставка, со што си отвора пат за можна претседателска кандидатура. Овој 37-седумгодишен поранешен инвестициски банкар, е еден од најпопуларните француски политичари во моментов.
Меѓутоа, министерот Емануел Макрон не рече веднаш дека ќе се кандидира за претседателските избори, туку оти ќе се ангажира на „нов проект“ за доброто на земјата. Макрон, меѓутоа, откако ја напушти владата основаше своја партија.
Од опкружувањето на Макрон објавија дека тој нема да ја објави својата претседателска кандидатура веднаш. Неговата нова партија прво ќе спроведе кампања „од врата до врата“ за да го испита мнението на избирачите и ќе ги собира нивните поплаки на француската политика до крајот на септември./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нов напад на Киев, фрагменти од руски дронови паѓаат врз детска клиника
Делови од соборените руски беспилотни летала доцна синоќа погодија згради во два киевски квартови, при што е повредено едно лице, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални власти.
Сликите на урнатините расфрлани внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днипровски, на источниот брег на реката Днепар, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм.
Обезбедувањето на зградата е пренесено во болница, а оштетени се и соседните згради.
🚨🇷🇺🇺🇦
Breaking NewsRussian drone strike and damaged a clinic in the Dniprovskyi district of #Kyiv. There is also damage to neighboring buildings.#Ukraine #UkraineWar #UkraineRussiaWar️️ pic.twitter.com/gDegIFyfSf
— World Crisis Tracker (@WorldCrisi19621) November 28, 2024
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека остатоците од дронот ја погодиле инфраструктурата во областа Свијатошински на западниот брег на реката.
Воздушната тревога траеше повеќе од еден час.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.