Црна хроника
Украдени 8.000 денари од црквата „Св.Тројца“ во Долно Лисиче

Крадец упаднал во црквата „Св.Тројца“ во селото Долно Лисиче, при што однел околу 8.000 денари, соопшти полицијата.
Настанот се случил меѓу вторникот и средата, во периодот од 14,30 до 06,00 часот, кога арамијата насилно со употреба на физичка сила отворил еден од прозорците кај камбанеријата, влегол внатре и одзел 5.000 денари.
Потоа, го скршил стаклото над влезната врата од црквата, влегол внатре и украл околу 3.000 денари, по што избегал.
Полицијата трага по крадецот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.