Црна хроника
Затвореник на викенд отсуство ја ограбил Стопанска банка во Буњаковец
По расчистениот случај со разбојништвото во експозитурата на ТТК Банка во Прилеп, и СВР Скопје го расчисти и документираше случајот со разбојништвото во експозитурата на Стопанска банка во трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје од почетокот на јануари
За овие слуачи еден од осомничените е 56-годишниот П.С. кому истражен судија при прилепскиот суд му одреди мерка притвор од 30 дена поради разбојништвото во ТТК Банка.
На 3-ти јануари околу 10 часот П.С. вооружен со пиштол и заедно со уште едно засега неиднетификувано лица, двајцата маскирани со капи и шалови, влегле во експозитурата на Стопанска банка и заканувајќи им се на четворицата вработени одзел 454.747 денари и 120 евра.
Приведениот бил на издржување на затворска казна во „Идризово“ и на 30-ти декември бил пуштен на викенд по што не се вратил.
Од страна на СВР-Скопје извршен е разговор со осомничениот кој во целост го објаснил извршувањето на кривичното дело и ќе следи соодветна кривична пријава за осомничениот кој, инаку, минува во крим евиденциите на СВР-Скопје за извршени кривични дела – “тешка кражба“, “разбојништво“, “кражба“, “силување“ и “недозволено изработување,држење и тргување со оружје“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

