Црна хроника
Затворен угостителски објект во Тетово, на првиот ден од полицискиот час
На првиот ден од полицискиот час Државниот пазарен инспекторат изврши 724 контроли при што е затворен еден угостителски објект, информираат од оваа институција.
Во повеќе градови, како што додаваат од таму, вчера биле извршени вкупно 41 надзор и 683 контроли во угостителски објекти.
При тоа, во Тетово на лице место бил затворен еден угостителски објект, поради прекршување на протоколот, односно организирање роденденска забава.
Обjектот ќе остане затворен 30 дена и ќе биде поведена прекршочна постапка согласно Законот за заштита на наслението од заразни болести.
Поединечно по градови, најмногу контроли и надзори биле извршени во Скопје, вкупно 126.
Контроли биле извршени и во Битола, Гостивар, Тетово, Охрид, Струмица и во останатите градови во државата.
Со стапувањето на сила на новата одлука за забрана за движење населението и возила од јавен превоз од 22.00 часот до 5:00 часот наредниот ден, заменикот на претседател на владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски, како координатор на инспекциски служби, ги задолжи инспекторатите за засилени контроли и надзори на терен, во периодот што следи, информираат од кабинетот на Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

