Спорт
Рамос: Би го прифатил Меси во Реал, јас никогаш не би играл за Барселона

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, не би имал ништо против доколку Лионел Меси дојде во „кралскиот клуб“. Договорот на Меси истекува по завршувањето на сезоната, а тој сè уште не решил дали ќе остане во Барселона, но секако невозможно е тој да се пресели во редовите на најголемиот ривал.
Во слина позиција се наоѓа и Рамос. Тој нема постигнато договор со Реал дали ќе остане во клубот по завршувањето на сезоната.
Шпанските новинари ги интересирало како тој би реагирал доколку Меси би потпишал договор со Реал.
„Дали би го прифатил Меси? Сто отсто. Без дилема. Дури би го поканил на гости, за да му помогнам (се смее), нека спие кај мене додека не се прилагоди. Многу страдавме поради него, би било убаво да дојде“, рекол Рамос и дополнил.
„Сепак, јас никогаш не би играл за Барселона, ни за 50, ни за 70 милиони евра годишно. Постојат некои работи што не се купуваат со пари. Невозможно е јас да играм за Барселона“.
Потоа проговорил за својата иднина.
„Сакам со чиста совест да го напуштам Реал. Не знам дали ќе заминам денес, утре или за пет години. Се надевам дека ќе останам долго овде, но тоа не зависи само од мене“.
Капитенот на Реал смета дека Халанд и Мбапе сè уште не можат да се споредуваат со Меси и Кристијано Роналдо.
„Имаат светла иднина, но Меси и Кристијано се 15 години на врвот“.
Серхио Рамос е во Реал од 2005 година, кога „кралскиот клуб“ за неговиот трансфер на Севилја и плати 30 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тепачка на фудбалски натпревар во Штип, повредени се двајца

Инцидент го прекина првенствениот фудбалски натпревар на првото коло од Републичката пионерска лига меѓу штипска Брегалница и скопско Шкупи, кога на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип возрасна публика од Скопје влезе на теренот, а еден од напаѓачите со клоци удирал по двајца млади фудбалери од домашната екипа. Како што пренесува СДК.мк, инцидентот се случи во последната минута од напреварот за деца родени 2010 година, по еден прекршок меѓу младите фудбалери.
Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“.
– Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош, се вели во соопштението на МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Домашната управа бара од Фудбалската федерација казни за ваквите влетувања на луѓето на теренот, а од гостинската публика и да преземе мерки во иднина да не се даваат вакви лоши примери на младите фудбалери.
Спорт
Манчестер јунајтед постигна договор со голманот на Антверпен

Манчестер јунајтед, до крајот на преодниот рок ќе го реализира трансферот на белгискиот голман Сене Ламенс од Ројал Антверпен. За услугите на 23-годишниот голман клубот од „Олд Трафорд“ ќе плати 20 милиони евра. Ламенс, досега има повеќе од 50 настапи за Антверпен откако се приклучи од Клуб Бриж пред две сезони.
Неговата вредност значително порасна во последните месеци благодарение на неговата форма и неговиот статус како член на белгиската репрезентација до 21 година, а многу аналитичари го нарекуваат еден од најперспективните голмани во Бенелукс.
Планот на Манчестер јунајтед е со доаѓањето на Леменс да ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција, а не да биде непосредна замена за првиот голман Андре Онана.
Тренерот Рубен Аморим јавно го изрази своето задоволство од сегашниот голмански кадар, но раководството на клубот е свесно за можното заминување на Онана на Африканскиот куп на нации на почетокот на 2026 година и бара долгорочна сигурност.
Спорт
Рома и Ливерпул во преговори за Цимикас

Рома започна преговори со Ливерпул за траснферот на Костантинос Цимикас. Рома сака да издејствува позајмица со задолжителен откуп на договорот наредното лето.
Грчкиот лев бек нема многу шанси да добие поголема шанса во редовите на шампионите на Англија оваа сезона, особено по доаѓањето на Милош Керкез, а тука е и Енди Робертсон, кој претходно имаше предност пред него.
Затоа, трансфер во Рома изгледа како идеално решение за овој играч. Засега не се споменуваат бројки, но се нагласува дека „волчицата“ е решена да го реализира трансферот.
Новиот тренер на Рома, Џанпјеро Гасперини, инсистира на дополнително засилување на тимот до крајот на преодниот рок, тоа го истакна по синоќешната победа над Болоња со 1:0 во првото коло од Серија А.
Против Болоња, Гасперини играше во формација со тројца во одбраната, а Анхелињо, со кого Цимикас веројатно ќе се бори за место во тимот, дејствуваше како винг бек по левата страна.
Цимикас има 29 години и игра за Ливерпул од 2020 година.