Црна хроника
Обвинителството почна постапка против битолчанец фатен со 200 грама марихуана
Скопското основно јавно обвинителство почна постапка против 52-годишен жител на Битола, поради сомнение дека сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од обвинителството, при извршен преглед од службени лица на 11 овој месец, кај осомниченот биле пронајдени 194 грама марихуана. Осомничениот се наоѓал на меѓуградската автобуска станица во Скопје, а дрогата му била спакувана во кеса која ја носел во патна торба.
Јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднел предлог за определување притвор за битолчанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Струмичанец силувал 20-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на струмичко, поради сомнение дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Искршиле излог, украле сеф и го товариле на мотор во Бутел
Ноќеска околу 3 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје, поради тоа што претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Затвореници искршиле инвентар во канцеларија во затвор Идризово
Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Идризово било пријавено дека околу 17.00 часот во канцеларија на полуотворено одделение во установата осудените лица В.К.(20) од Дебар, А.З.(21) од Скопје и А.А.(27) од с.Сарај,скопско, со тврди предмети искршиле дел од инвентарот.
Се работи на расчистување на случајот.