Контакт

Спорт

Ексиграчот на Ливерпул, Марк Гонзалез, добил срцев напад на 36 години

Објавено пред

Поранешниот играч на Ливерпул, Чилеанецот Марк Гонзалез, закрепнува во болница по срцевиот удар на само 36 години, јавуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според шпанскиот „Ас“, сопругата на Гонзалез, Маура Ривера, ги открила лошите вести преку својот инстаграм-налог.

„Мојата љубов, мојот вечен сопатник, ми даде вистински шок. Последните неколку ноќи беа ужасни. Несигурни денови полни со страв. Пишувам до тебе бидејќи си уште со нас и малку подобро и тоа нè прави радосни. Животот може да нè изненади во секој момент“, напиша Ривера.

Гонзалез потпиша за Ливерпул во октомври 2005 година, но клубот не успеа да обезбеди работна дозвола и тој беше позајмен на Реал Сосиедад. Следната сезона тој се врати во Ливерпул и имаше 36 настапи и 3 гола пред да биде продаден на Реал Бетис во 2007. По ова, тој играше и во ЦСКА Москва пет години пред да се врати во Чиле и да се пензионира во 2019 година.

Спорт

(Видео) Дончиќ ги реши Клиперси, Милвоки немоќни беа Јанис, Минесота го растури Феникс

Објавено пред

Далас и Индијана поведоа во четвртфиналните серии против ЛА Клиперс односно Милвоки со 2-1, а Минесота ја забележа и третата победа во дуелот со Феникс во плеј-офот.

dobivaj vesti na viber

Далас славеше пред своите навивачи против Лос Анџелес Клиперс со 101:90. Како и обично, Дончиќ беше најдобар во својот тим, со 22 поени, имаше десет скока и девет асистенции.

Го следеа Ирвинг со 21 поен, Лајвли со 13 и Џонс со 11 поени. На другата страна Харден и Пауел беа подобри од останатите со 21 поен, Хрватот Ивица Зубац имаше учинок од 19 поени, осум скока и една асистенција.

Доколку нема сензационален исход, Денвер и Минесота ќе играат во четвртфиналето на Западната конференција.

Минесота го оствари третиот триумф против Феникс на гостински терен, убедливо со 126:109.

Едвардс беше одличен со 36 поени, девет скока и пет асистенции, поддршка имаше во Гобер кој постигна 19 поени и 14 скока, и Таунс со 18 поени и 13 скока. На другата страна се истакнаа Бил со 28, Дурент со 24 и Букер со 23 поени.

Индијана извојува голема победа по продолжение против Милвоки со 121:118. Блескаше Мидлтон со 42 поени и десет скока, Лилард со 28, Портис со 17 поени и 18 скока, но сепак победата ја однесе Индијана во чии редови се истакнаа Тарнер со 29 и Халибертон, кој забележа трипл-дабл, 18 поени скокови и 16 асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула

Објавено пред

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.

dobivaj vesti na viber

На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.

Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.

Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.

Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.

Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“

Објавено пред

Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.

dobivaj vesti na viber

Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.

Станува збор за парфем кој чини 221 евро.

Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.

Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.

Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.

Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.

„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија1 час

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет16 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија18 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија19 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ22 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија22 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет1 ден

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет1 ден

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет1 ден

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион1 ден

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет1 ден

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија2 дена

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија2 дена

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија2 дена

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија2 дена

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...