Црна хроника
Полициска акција во скопски Градски парк

Министерство за внатрешни работи соопшти дека полиција во петок навечер направила контроли на објекти што точат и продаваат алкохол во Градскиот парк во Скопје, при што се приведени педесетина лица
Полицијата ноќеска спроведе акција во објектите што продаваат и точат алкохол во Градскиот парк во Скопје. Притоа приведени се околу 50 лица, од кои 16 малолетници поради купување алкохол во околните продавници, а тројца поради консумирање алкохол. Другите е се приведени поради консумирање алкохол и пијанство на јавно место и нарушување на јавниот ред и мир, неносење документи за идентификација, фрлање шишиња и отпадоци.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека против двајца сопственици и двајца вработени во објектите во кои е извршена контрола ќе бидат поднесени кривични пријави. Со цел за сузбивање на оваа појава, од страна на СВР Скопје и во наредниот период ќе бидат преземани вакви активности, во содејство и со други надлежни институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тинејџер во Скопје за 20 дена украл четири велосипеди, електрични тротинети и мопед

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за кражби на велосипеди, електрични тротинети и мопед.
За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства и да ги одземе.
На 28 септември осомничениот украл и мопед вреден 60.000 денари.
Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи тоа е единствен начин да се обезбеди неговото присуство во понатамошната кривична постапка.
Црна хроника
Жител на Дебар бесправно изградил објект на државно земјиште крај Дебарското Езеро

Жител на Дебар бесправно изградил објект од 88 метри квадратни на државно земјиште крај Дебарското езеро.
Полицијата поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ по член 244 и „Узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.
Тој, во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна сопственост кај месноста „Бадеми“ покрај брегот на Дебарското езеро, без одобрение за градба и спротивно на Законот на градење, неовластено изградил објект во вкупна површина од 88. 40 метри квадратни.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога: двајца уапсени

Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода 22-годишниот Д.З. и 23-годишниот Н.Д., двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.