Спорт
Лејкерси го декласираа Голден стејт, Јокиќ доминираше против Индијана
Лос Анџелес Лејкерс го декласираа тимот на Голден стејт Вориорс со 128:97. Актуелните шампиони во еден период од натпреварот имаа предност од 36 поени.
Леброн Џејмс со трипл-дабл го предводеше тимот, но не беше најефикасен играч на натпреварот. Монтрезл Херел постигна 27 поени за Лејкерси, колку што на спротивната страна уфрли Стеф Кари. Леброн мечот го заврши со 22 поени, 10 скока и 11 асистенции. За најдобриот играч на Лејкерси ова е 10 трипл-дабл оваа сезона.
Денвер славеа победа над Индијана Пејсерс 121:106. Доминираше на овој меч Никола Јокиќ со 32 поени, 14 скокови и пет асистенции. За српскиот центар ова е 35 дабл-дабл во сезоната и 277 во кариерата. На вечната листа Јокиќ се израмни со легендарниот Дикембе Мутомбо. Јокиќ го доби директниот дуел со Домантас Сабонис кој имаше по 10 поени и скокови и девет асистенции.
Бредли Бил го доби дуелот на супер ѕвездите против Јанис Адетокубо, меѓутоа Милвоки ја однесоа победата над Вашингтон 133:122. Бил натпреварот го заврши со 37, а Јанис забележа трипл-дабл со 31 поен, 15 скокови и 10 асистенции.
Резултати:
Шарлот-Сакраменто 122:116
Детроит-Сан Антонио 99:109
Бруклин-Њујорк 117:112
Далас-ЛА Клиперс 99:109
Финикс-Мемфис 122:99
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јанис доминираше против Лејкерси, домашен дебакл на Денвер, Оклахома надополни негатива од 21 поен
Јанис Адетокумбо ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата, во која треба да се истакнат дебаклот на Денвер на домашен терен и пресвртот на Оклахома против Мемфис.
Милвоки Бакс во Лос Анџелес ги победија Лејкерси со 105:101. Јанис Адетокумбо му овозможи на својот тим да победи откако во 39 секунди имаше неколку клучни реакции.
Гркот на 39 секунди до крајот, при нерешен резултат, му удри „банана“ на Леброн Џејмс, а откако Портер погоди две слободни, во следниот напад Јанис му ја украде топка, повторно на Леброн. Потоа Дончиќ беше исклучен, а Порттер од линијата за слободни ја потврди победата на Милвоки.
Адетокумбо го заврши натпреварот како апсолутен лидер на Бакс со 21 поен, шест скока, пет асистенции, две украдени топки и две блокади за 31 минута на паркетот. Тој имаше одлична поддршка во Портер, кој постигна 22 поени и имаше шест асистенции.
Од другата страна, Лејкерси имаа мотивирани поединци, но не доволно сила за пресврт. Лука Дончиќ беше блиску до трипл-дабл со 24 поени, девет скока и девет асистенции. Истото го стори и Леброн Џејмс – тој постигна 26 поени, девет скока и десет асистенции.
GIANNIS FORCES THE TURNOVER TO WIN IT FOR THE BUCKS 💪
MILWAUKEE WINS IN LA! pic.twitter.com/AzklbPo5mV
— NBA (@NBA) January 10, 2026
Кошаркарите на Оклахома славеа во Мемфис со 117:116, откако во еден момент имаа минус од 21 поен. Тандер беа фуриозни во последните три минути. Двата тима играа без неколку важни играчи/ Оклахома беше без најдобриот Гилџес-Александер, а Мемфис беа Морент.
Оклахома до победата ја предводеа Џејлен Вилијамс (26), Аџај Мичел (23), Кенрич Вилијамс (21), Арон Вигинс (16) и Лугенц Дорт (13).
Од другата страна, најдобри во тимот на Мемфис беа Џерен Џексон Џуниор (23), Грегори Џексон (18) и Санти Алдама (15).
Денвер без Никола Јокиќ, но и без неколку други кошаркари, доживеа тежок пораз на домашен терен од Атланта (87:110).
Фуриозната последна четвртина која Атланта ја добија со 36:12 го реши победникот.
Атланта ја предводеше Џејлен Џонсон со 29 поени, девет скока и шест асистенции, го следеа Никил Александар-Вокер со 22 поени, осум скока и три асистенции, Дајсон Даниелс имаше трипл-дабл со 17 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Пејтон Вотсон се истакна за Денвер со 25 поени, 11 скока и четири асистенции, додека Арон Гордон имаше 14 поени, девет скока и пет асистенции.
Резултати:
Бостон – Торонто 125:117
/Браун 27 – Берет, Волтер 19/
Орландо – Филаделфија 91:103
/Бејн 23 – Макси 29/
Вашингтон – Њу Орлеанс 107:128
/Џорџ, Вукчевиќ 15 – Марфи 35/
Бруклин – ЛА Клиперс 105:121
/Демин 19 – Харден 31/
Финикс – Њујорк 112:107
/Букер 31 – Бренсон 27/
Голден Стејт – Сакраменто 137:103
/ Кари 27 – ДеРозан 24/
Портланд – Хјустон 111:105
/Камара 25 – Дурант 30/
Foto/ freerangestock
Спорт
Играч на Дортмунд би бил идеална замена за Левендовски
Ерата на Роберт Левандовски во Барселона се ближи кон крајот. Полскиот напаѓач е се поблиску до излезната врата од „Камп Ноу“, а раководството на клубот, предводено од спортскиот директор Деко, веќе активно бара негов наследник. Тренерот Ханси Флик има јасна желба и предложил име за кое смета дека ќе биде идеална „деветка“ на Барселона.
Роберт Левандовски не беше во почетниот состав во последните пет натпревари, а неговиот договор истекува на лето, кога ќе наполни 38 години, па разделбата на крајот од сезоната е речиси сигурна.
Во меѓувреме, клубот го турка Фермин Лопез во преден план, кој е најдобар стрелец во тимот со 14 гола.
Полјакот ќе замине како слободен агент по две и пол сезони, оставајќи зад себе големо наследство, но и сложена задача за раководството, да најде замена за напаѓач од неговиот калибар, влијание и лидерски способности.
Спортскиот директор Деко е свесен дека пронаоѓањето на вистинската „деветка“ е клучно за стабилноста на проектот и понатамошниот развој на млади ѕвезди како Ламине Јамал, Педри или Гави.
Иако одлуката ќе биде стратешка и ќе биде донесена во договор со челниците, тренерот Ханси Флик ќе го има главниот збор. Според извештаите од Германија, Флик веќе ги пренел своите желби до одборот, а неговиот прв избор е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси.
Гираси има 29 години и е во својот најдобар период од кариерата. Тој доаѓа по извонредна минатата сезона во која беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, изедначен со Рафин, докажувајќи дека може да се справи со најголемата сцена. Тој е силен напаѓач, одличен шутер кој доминира во воздухот и знае како да игра со грб кон голот, профил што Ханси Флик го смета за идеален за Барселона.
Начинот да се добие е јасен. Гираси има откупна клаузула од 65 милиони евра во договорот, што значи дека преговорите со Дортмунд не би биле потребни, доволно е само да се активира клаузулата. Сепак, постои разлика во мислењата помеѓу тренерот и спортскиот директор. Иако Гираси е на листата, се верува дека тој не е профилот на играч што го претпочита Деко.
Главната причина е неговата возраст. На 29-годишна возраст, напаѓачот би го достигнал зенитот на својата кариера во Барса, но без простор за понатамошен напредок и со мала веројатност за идна заработка од продажба. Раководството на клубот, секогаш кога е можно, ги таргетира помладите играчи.
Гираси е опција за моментален успех, но не и долгорочен стратешки облог, поради што Деко не е убеден дека вреди да се платат 65 милиони евра за него.
Флик е убеден дека Гираси би бил сè што му е потребно на тимот во врвот на нападот, но има доволно време до летото да се договори со Деко и остатокот од спортскиот менаџмент во врска со наследникот на Левандовски, чие заминување на крајот од сезоната е сè поизвесно.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.

