Спорт
Федерер нема да игра во Монте Карло

Роџер Федерер нема да учествува на мастерсот во Монте Карло. Информацијата ја објави „Супертенис ТВ“. Според овој извор, учеството во Монте Карло го откажал и Денис Шаповалов.
Федерер, пред десет дена, по пауза од 13 месеци, го одигра првиот турнир. Во Доха тој го победи Даниеле Евенс, а потоа беше поразен од Николоз Басилашвили.
Потоа Федерер објави дека нема да игра во Дубаи и на мастерсот во Мајами.
Мастерсот во Монте Карло на програмата е од 11 до 18 април, а титулата ќе ја брани Фабио Фоњини.
Федерер никогаш не победил во Монте Карло, на овој мастерс четири пати играл во финалето.
Федерер последен пат во Монте Карло учествувал во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УЕФА се сомнева на два наместени меча во Србија

УЕФА пратила порака до Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) околу сомнеж за два наместени меча во оваа земја, поради високи уплати на кладилниците во Европа и Азија, тврди „Спортклуб“.
Вниманието на УЕФА го предизвикале големите парични средства уплатени на два натпревари минатиот месец, од кои на едниот имало неверојатни уплати на далечниот Исток во „обложување во живо“.
Според „Спортклуб“, неколку фудбалери се под сомнеж дека учествувале во местенката. Во Србија случајот ќе го испитува Светислав Ѓуровиќ, поранешниот полицаец, кој оваа година беше именуван за главен за интегритет на фудбалот во ФСС.
Спорт
УФЦ: Дерн ја доби „битката на мајките“ со Нина Ансароф-Нунеш

Нина Ансароф Нунеш имаше неуспешен камбек во УФЦ кафезот по речиси две години во аут, откако Мекензи Дерн стана фаворит за титулата во перо категорија со убедлива победа во првата рунда.
Ансароф Нунеш, инаку Американка со македонско потекло, стави пауза на кариерата во октомври 2019, за да стане првпат мајка со нејзината сопруга, УФЦ шампионката во бантам и перо категорија, Аманда Нунеш во септември.
Дерн, која исто така паузираше со кариерата да стане мајка во јуни 2019 година, ја запечати победата во последните секунди од првата рунда.
„Нема изговори. Се согласив за мечот бидејќи мислев дека сум подготвена. Ќе се вратам бргу. Благодарам до семејството и пријателите кои ми веруваа. Вечерва беше нејзина, но ќе се вратам“, напиша Нунеш на Инстаграм.
Спорт
Куман лут: Не знам зошто имаме ВАР во Шпанија – Зидан: Ако не свирнал, нема пенал!

Роналд Куман беше бесен по 2:1 поразот на Барселона во „Ел класико“ во саботата, прекинувајќи го интервјуто по мечот бидејќи сметаше дека Мартин Брејтвајт требал да добие пенал во 84. минута од мечот.
Поразот ги намалува шансите на Барселона за титула, откако Реал Мадрид ги помина на второто место, а Атлетико Мадрид остануваат лидери на само осум меча пред крајот.
„Навистина сме лути околу ситуацијата со пеналот. Тоа не е ферплеј. Не сфаќам како тоа не беше јасен пенал. Само барам судиите да ги направат вистинските одлуки. Не ни дадоа пенал, а потоа даде само четири минути продолжение и покрај тоа што судијата мораше да застане поради проблем со комуникацијата. Да беше 2:2 ќе беше поинаку. Навистина не знам зошто имаме ВАР во Шпанија“, изјави Куман.
Зинедин Зидан имаше едноставен одговор на овие зборови.
„Ако судијата не свирна пенал, тоа е бидејќи немаше пенал. Дополнителното време? Тоа може да биде три, четири, пет или шест минути. Судијата го одлучува тоа“, изјави Зидан.
La entrevista post partido a Koeman. #ElPartidazoDeMovistar https://t.co/2kXpZSDhJr pic.twitter.com/e013XMQbBq
— Fútbol en Movistar+ (@MovistarFutbol) April 10, 2021
This is a clear penalty
1. Mendy did not go for the ball
2. Mendy had contact with Braithwaite instead
3. Jordi Alba gets booked for complaining
4. Ronaldo Koeman gets booked for complaining
5. Where is VAR when you need them?
*Just spoiled El Classico for me pic.twitter.com/Znu1FyC1VQ— Cule Stegen (@CuleStegen) April 10, 2021
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш