Контакт

Наука

Нобелова за хемија добија Линдал, Модрич и Санкар за поправка на ДНК

Објавено пред

Хобеловата награда за хемија за 2015 година ја добија тројца лауреати и тоа Швеѓанецот Томас Линдал, Американецот Пол Модрич и Американецот со турско потекло Азиз Санкар, за откритието како клетките ја поправаат оштетената ДНК.

dobivaj vesti na viber

Нивните откритија може да се користат за развивање нови начини за лечење рак.Шведската кралска академија на науките соопшти дека работата на овогодинешните лауреати дала фундаментални знаења за тоа како функционира живата клетка.Секојдневно нашата ДНК се оштетува од UV радијацијата, слободните радикали и други канцерогени супстанци, но дури и без овие надворешни влијанија, ДНК молекулите се природно нестабилни. Илјадници спонтани промени се случуваат дневно на геномот на клетката. Исто така, дефекти настануваат и при делбата на клетките, процес што се одвива неколку милиони пати секојдневно во човековото тело.Причината зошто нашиот генетски материјал не се дезинтегрира во комплетен хемиски хаос е тоа што клетката домаќин на молекуларните системи постојано ги надгледува и ги репарира ДНК молекулите. Нобеловата награда за хемија за 2015 година награди три научници пионери, кои мапираа неколку од овие системи за репарација и начинот а кој функционираат на молкуларно ниво.Во раните 1970 ти години, научниците веруваа дека ДНК молекулите се екстремно стабилни, но Томас Линдал демонстрираше дека доколку ДНК не се репарира развојот на живото на Земјата би бил невозможен. Ова го наведе да открие молекуларна машинерија, која овозмоѓува основна брза репарација, која спречува распад на нашата ДНК.Азиз Санкар мапираше нуклеотидна ексцизиона репарација, механизам која овозможува поправка на штетата предизвикана од УВ зрачењето врз ДНК молекулите. Така, луѓето родени со дефекти во системот за поправка ќе развијат рак на кожата ако бидат изложени на сонлева светлина.Пол Модрич прикажа како клетките ги поправаат грешките што се појавуваат во ДНК молекулите при делба на клетките. Вродената маана на овој систем може да предизвика рак на делебото црево.Наградата од 8 милиони шведски круни или (960.000 долари) тројцата лауреати еднакво ќе ја поделат, а ќе им биде доделена на 10 декември во Стокхолм, на годишнината од смртта на основачот на наградата Алфред Нобел./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти, покажува истражување

Објавено пред

Здравиот начин на живот може да го компензира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти и да додаде уште пет години на животот, според првата студија спроведена на оваа тема.

dobivaj vesti na viber

Добро е познато дека некои луѓе се генетски предиспонирани за пократок животен век, објави Гардијан.

Исто така, добро е познато дека факторите на животниот стил, особено пушењето, консумирањето алкохол, исхраната и физичката активност, можат да влијаат на долговечноста.

Сепак, досега не е направено истражување за степенот до кој здравиот начин на живот може да се спротивстави на генетиката.

Наодите од неколку долгорочни студии сугерираат дека здравиот начин на живот може да ги ублажи ефектите од гените што го скратуваат животот за 62 проценти и да додаде дури пет години на животот.

Резултатите беа објавени во списанието BMJ Evidence-Based Medicine.

Оваа студија ја појаснува клучната улога на здравиот начин на живот во ублажувањето на влијанието на генетските фактори врз скратувањето на животниот век, заклучија истражувачите.

Студијата опфатила 353.742 луѓе од Обединетото Кралство Биобанка и открила дека оние со висок генетски ризик за пократок живот имаат 21 отсто зголемен ризик од рана смрт во споредба со оние со низок генетски ризик, без оглед на нивниот животен стил.

Прикажи повеќе...

Наука

Балканот ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа, ниту на Mакедонија не ѝ се пишува добро

Објавено пред

Иако научниците имаат алатки и методи за мерење на влијанието на климатските промени – како може тоа да се направи така што поединецот, во својот живот, има одредена вредност со која може да измери како, под влијание на климатските промени, неговиот живот е исто така се менува?

dobivaj vesti na viber

Не е лесно да се замисли што точно е „просечно глобално затоплување од 1,5 °C или 2 °C“ и како тоа ќе го промени нашето секојдневие, пишува Слободна Далмација.

На ова се обратија истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ)”; тие развија нов начин за мерење на влијанието на глобалното затоплување во реалниот живот и предвидување на долгорочните ефекти. Излегува дека и луѓето на Балканот ќе ја чувствуваат значајната промена.

Мерката на научниците од МИТ, создадена со помош на податоци од 50 различни климатски модели, е одредена од тоа колку ќе се зголеми или опадне бројот на „надворешни денови“ на различни дестинации низ светот до 2100 година, односно 24-часовни периоди кога температурите се доволно удобни за повеќето луѓе да се вклучат во активности на отворено, без разлика дали се за работа или за одмор. Ова се денови кога не е ниту премногу топло, ниту премногу студено, што научниците го сместуваат во температурен опсег од приближно помеѓу 10 °C и 25 °C, без екстремни временски појави.

Студијата на МИТ покажа дека тропските дестинации ќе доживеат најголеми промени во деновите на отворено. Најголемиот удар ќе го претрпи Доминиканската Република која до крајот на векот ќе губи дури 124 дена пријатно време годишно. Мексико, Индија, Тајланд и Египет ќе изгубат половина од тие денови.

Во Европа, на север ќе има повеќе денови со пријатно време бидејќи зимите ќе станат потопли, но на југ екстремните горештини во летните месеци ќе предизвикаат намалување на деновите на отворено.

Според податоците на МИТ, Балканот најверојатно ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа. Така Албанија ќе загуби 30 дена, Србија 26, Македонија 21, Бугарија 17, а Романија 12 дена. На југ, Грција би можела да изгуби 37 денови на отворено до 2100 година поради екстремните горештини помеѓу мај и јуни, според студијата на МИТ.

Промени ќе доживее и Пиринејскиот Полуостров: Португалија ќе има 33, а Шпанија 13 помалку денови на отворено.

Истражувачите велат дека разликата веќе се чувствува во Европа, при што луѓето избираат каде да патуваат врз основа на сè поекстремните жештини на претходно популарните дестинации.

Северна Европа ќе доживее попријатни денови, но причините за тоа не се добри вести. Франција, Германија и Австрија ќе добијат меѓу 18 и 52 дена пријатно време до 2100 година, главно поради потоплите зими, но ова би можело да биде фатален удар за и онака борбената скијачка индустрија во Европа. Поради недостигот на снег, се размислува за замена со вештачки снег, но многумина мислат дека тоа ни оддалеку не би помогнало да се одржи скијачката индустрија, за која „пријатни“ и целосно профитабилни „денови на отворено“ се само оние со многу реални снег.

Прикажи повеќе...

Наука

Еден Американец и двајца Руси со руско летало заминаа на МВС во вселената

Објавено пред

Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб.

dobivaj vesti na viber

О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму една година.

Тројцата космонаути требаше да заминат во вселенската станица минатата пролет, но нивната првична капсула послужи како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж – исто така двајца Руси и еден Американец – се враќа дома на Земјата кон крајот на овој месец.

Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата.

Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време – повеќе од илјада дена – во вселената.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Македонија5 часа

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети...

Македонија7 часа

Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг

Кандидатот за пратеник од коалицијата ВЛЕН Халил Снопче изјави дека „Европски фронт“ не може да се промовира со старата гарда...

Свет8 часа

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија9 часа

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија9 часа

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија9 часа

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија9 часа

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет10 часа

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет10 часа

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет10 часа

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет10 часа

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет10 часа

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија1 ден

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија1 ден

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија1 ден

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет1 ден

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија1 ден

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...