Економија
Димитриеска-Кочоска: Антикризните мерки се 350 милиони евра, а не 1 милијарда евра
Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ со реакција за вредноста на антикризните мерки. Таа на својот фејсбук-статус се обраќа до вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и вели дека тој повторно го демантира Заев. Според неа, антикризните мерки се 350 милиони евра, а не 1 милијарда евра.
„Вторпат со тврдење дека помошта е 350 милиони евра го демантира премиерот и многу други официјални и партиски лица за тврдењето дека помошта од пакетите за Ковид-19 е 1 милијарда евра“, пишува таа.
Честито Битиќи!
По втор пат со тврдење дека помошта е 350 милиони евра го демантираш Премиерот и многу други официјални…Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Вторник, 16 март 2021
Битиќи, вели Димитриеска-Кочоска, самиот признал дека дупката во буџетот ќе биде голема зашто реализацијата на приходите беше значајно пониска од она што се планира во 2020 година.
„И пак тука се побивте сами. Премиерот и министерот викаа дека буџетот е во добра кондиција“. Не беше и не е. Но, и покрај тоа вие најдовте пари за ГАМА, не ги сопревте вработувања во јавна администрација по партиски клуч, не ги сопревте неродуктивните трошења, а не обезбедивте дополнителни пари за здравство? Ни изостана директната помош од ЕУ (без камати), а скокате за заемот од Светската банка, на кој ќе плаќаме камата“, пишува Димитриеска-Кочоска.
Таа ги смета за манипулативни тврдењата на Битиќи дека сме една од земјите со најниски стапки на пад на БДП во 2020 година.
„Битиќи, вие како Влада ниту во еден момент не планиравте пад од 10 % на БДП за 2020 година, па сега да се фалите дека сте успеале да го намалите?! Напротив. Падот го планиравте да биде 3,4 %, па кога видовте дека тешко ви иде во справување со кризата, ревидиравте на 4,4 %“, реагира Димитриеска-Кочоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.