Црна хроника
Расветлен грабежот на поштата во Преспа
Плански и организирано, СВР Битола го откри сторителот на кривичното дело разбојништво во селото Царев Двор, кога на седми мај годинава околу 50 илјади евра беа украдени од селската пошта наменети за исплата на пензии на жител
од Оливера Михајловска, Битола
Како сторител на овој грабеж е идентификуван 24-годишниот К.Љ. кој живее во ресенскот осело Царев Двор и против него е поднесенa кривична пријава и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.„Пријавениот прво од мобилен телефон во полициската станица во Ресен лажно пријавил тешка сообраќајна незгода која наводно се случила на излезот на селото Избиште со цел да ја оддалечи сообраќјаната патрола од подрчјето на кое имал намера да оперира“, рече Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.Скриен во грмушки, маскиран со маска на лицето, ракавици и капа, блиску до поштата чекал да се случи транспотрот на парите наменти за исплата на пензии во ресенскиот регион.„Во моментот кога комбито пристигнало, а еден од вработените излегол однатре со цел да достави една од вреќите со пари во локалната пошта, пријавениот му се доближал, му вперил пиштол во главата, го испрскал со спреј во лицето и му ја одзел вреќата со пари“, појасни Стрезовски.Со парите в раце, пријавениот го зел и комбето, претходно принудувајќи ги другите двајца поштенски работници да го напуштат возилото, и се упатил кон селото Езерани. „Патем скршнал десно и со возилото удрил во еден столб, а потоа откако застанал со нож кој специјално за таа намена го понел со себе, ги пресекол вреќите од каде извадил околу два милиона денари и ги ставил во ранецот што го носел со себе, но според исказот кој го даде во полицијата еден мал дел од парите му испаднел на пат за дома“, рече портпаротло на битолската полција.По ударот со комбето, отишол дома, блиску до местото каде го оставил возилото, се пресоблекол, ја изгорел горнито дел од тренрката што ја носел. Пота сс упатил за Битола каде по пат го фрлил пиштолот а од капата се ослободил во блиската река. Пиштолот со кој се заканувал, пријавениот го купил за планираниот грабеж од Прилеп а спрејот од продавница за оружје во Битола.„Со дел од парите крадецот исплатил долгови и камати на засега непознати лица, купил лаптоп, додека со друг дел во менувачница во Охрид купил десет илјади американски долари. При извршениот претрес во неговиот дом, како и во хотелот чиј сопстевник е неговиот татко, пронајдени се и со потврда одземени долните тренерки, ранецот во кој ги ставил парите, двата мобилни теелфона кои ги користел пред вршење на грабежот и 10-те илјади долари“, рече Ѓоко Стрезовски.На територијата на СВР Битола во текот на изминатава година се случија две разбојништва, минатиот месец во Царев Двор и во Прилеп, кога беше ограбена банка и двата случаи се целосно расветлени а сторителите се фатени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

