Црна хроника
Уапсен скопјанец за криминал со платежни картички
На граничниот премин Табановце едно лице е уапсено при влез во државата кое било барано со потерница заради дејствување во организирана група која се занимавала со кумпјутерски фалсификат
Единицата за борба против Компјутерски криминал при Одделот за организиран криминал до Основното Јавно обвинителство Куманово поднела кривична пријава против 37-годишен скопјанец, осомничен за сторено кривично дело „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, како и за „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.Во врска со овој случај кривична пријава поднесена е и против лицето А.Т. (28) од Скопје, за сторено кривично дело „помагање“. Првопријавениот во текот на јули годинава набавил уред за неовластено прибавување на банкарски податоци тјн. скимер, а во истиот период набавил и две лажни платежни картички, додека, пак, А.Т. истите ги прикрила, односно ги чувала кај себе. Тие биле откриени кога на граничниот премин Табановце на влез во Македонија езапрено патничко моторно возило, управувано од пријавениот С.Г., а сопатничка во возилото била А.Т.. Бидејќи по С.Габеров била распишана потерница истиот е приведен. При извршен личен преглед над А.Т. во нејзината чанта пронајден е еден дел од скимер, батерија на напојување, две фалсификувани платежни картички од странски банки и три листа на кои е водена рачна евиденција за извршени трансакции од банкомат, кои со потврда се привремено одземени.Инаку, на 14 јули годинава Одделот за организиран криминал до Основното Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава во отсуство против С.Г. како и против лицата В.Д., неговиот брат Т.Д., П.С. и Л.Ј. за извршени кривични дела „злосторничко здружување“, „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „компјутерски фалсификат“, и против истите беше распишана потерница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

