Спорт
Гвардиола пак контра Украинецот: Имам повеќе искуство од господинот Зинченко

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не се согласува со својот играч Олександер Зинченко дека „граѓаните“ се фаворити за четири титули оваа сезона, и објаснува зошто овој негов тим е најслаб досега.
Сити се практично шампиони од Премиер лигата, играат во финалето на Карабао купот, а уште се во игра и во ФА купот и во Лигата на шампионите. Но, Гвардиола ниско го рангира овој негов тим.
„Во моментов, овој тим е најлошиот од претходните ,бидејќи тие тимови освоија многу, а овој уште не освоил ништо. Чекаме резултати, титули кои претходните тимови ги имаат освоено. Уште треба да се докажуваат“, вели Гвардиола.
Украинецот Зинченко, кој претходно мораше да му се јавува на Гвардиола на денот на неговата свадба за да се извини за коментарите на неговата сопруга (види линк подолу), изјави дека е можно да се освојат четирите титули.
„Постар сум од господинот Зинченко, имам повеќе искуство и не се согласувам со него. Четири титули досега не се случиле во Англија и мислам дека нема да се случат. Одиме натпревар по натпревар и тоа е тоа“, вели Гвардиола.
Гвардиола не му заборава на Зинченко: Најважно, на твојата сопруга уште и се допаѓам
Зинченко на денот на својата свадба се „правдаше“ кај Гвардиола
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.
Спорт
Енигматична објава на Модриќ покажува каков мајстор е надвор од теренот

По ремито во Прага против Чешка (0:0), Хрватска е сè уште во одлична ситуација и се приближува до пласман на Светското првенство. На Хрватите им се потребни две победи во преостанатите три натпревари, а првиот треба да го добијат утре против слабиот Гибралтар.
Секако, на овој дуел не се очекува ништо друго освен победа на Хрватска, а капитенот Лука Модриќ тоа на некој начин го најави.
Фудбалерот од средниот ред на Милан верува дека тоа е можност да ги мотивира своите соиграчи, па објави интересна порака на социјалните мрежи.
„Еден чекор поблиску до нашата цел! Пред сè Хрватска!“, напиша Лука Модриќ, кој го одигра својот 191-ви натпревар против Чешка во дресот на Хрватска.
Иако има 40 години, Модриќ сè уште игра фантастично и сите уживаат во неговите настапи, а се чини дека е сè уште гладен за победи, мотивиран како на самиот почеток од кариерата, додека својата енергија им ја пренесува на своите соиграчи поради што Хрватска е на самиот врв на светските фудбалски сили.
о шоу.