Црна хроника
Го убил својот пријател и го закопал во сопствената спална соба
Во петокот во скопската населба Драчево беше откриено злосторство кое се случило пред две години.
Во Полициската станица во Драчево вчера 58-годишниот Стојадин Сталетовиќ го пријавил Милош Давчевски дека го убил својот познаник кој бил пријавен за исчезнат.Давчевски во 2009 година го убил Зоран Ѓорѓиевски роден 1969 година. Го задавил со пешкир, а потоа во сопствената спална соба ископал дупка длабока околу еден метар, го полеал телото со вар и го закопал.Од МВР информираат дека убиецот го затворил подот и врз него ставил мебел.На посочената адреса од страна на Сталетовиќ екипи на МВР извршиле увид и пронашле човечки скелет и делови од облека, а осомничениот за убиството и тој што го пријавил се приведени на информативен разговор.Приведениот Давчевски го признал своето дело.Осомничениот кажал дека немал намера да го убие Зоран, туку имале расправија по која го нападнал и набргу откако забележал дека истиот не давал знаци на живот се обидел да го реанимира, а откако не успеал побарал сугестија и помош од пријателот.Во тек се активности за целосно расчистување на случајот по што ќе следат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

