Свет
Мотивот за масакрот во САД можеби е од омраза кон Азијците поради пандемијата

Американската полиција сè уште истражува што довело до убиство на осум лица, од кои шест Азијци, во серијата напади врз салони за масажа во Атланта.
Напаѓачот, 21-годишниот Роберт Арон Лонг, им рекол на истражителите дека тоа го сторил поради зависноста од секс. Во вторникот беа извршени неколку напади во три салони. Два напада беа во Атланта, а еден во округот Чироки.
Тој последен масакр ги зголеми стравот и бесот во врска со неодамнешниот пораст на злосторствата од омраза против Американците со азиско потекло среде пандемијата на коронавирусот. Властите не ја исклучуваат можноста нападите барем делумно да биле предизвикани од антиимигрантски и антиазиски чувства или некој друг мотив.
Лонг беше уапсен неколку часа по масакрот, беше обвинет по осум точки за убиство и една точка за вооружен напад.
Нападите предизвикаа критики од активисти за граѓански права и политички лидери, кои ги осудија зголемувањето на инцидентите на антиазиска дискриминација и насилството од почетокот на пандемијата.
Синоќа, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не го знае мотивот за убиствата, но знае дека азиските Американци се многу загрижени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од руски ракети и пренесувајќи го своето воено искуство во Европа.
Данското Министерство за индустрија и финансии претходно овој месец објави дека украинската одбранбена компанија „Фаер Поинт“ преместува дел од своите производствени процеси во таа земја, оценувајќи го тоа како важен чекор за безбедноста на Украина, што во исто време „создава нови можности за соработка со данските и европските компании“.
Тоа е првиот чекор во новата иницијатива наречена „Гради за Украина“, за која Данска издвои повеќе од 50 милиони долари за да им помогне на украинските одбранбени компании да започнат бизнис, објавува „Бизнис инсајдер“.
Проектот им овозможува на украинските компании да произведуваат на поконвенционален начин, наместо да го кријат или нарушуваат процесот на производство за да избегнат да станат мети на руски ракети и беспилотни летала.
За Данска и нејзините сојузници, соработката носи директно искуство на украинските компании во производството на оружје за големата војна. Тоа знаење е непроценливо.
Засега, барем јавно, проектот вклучува само една украинска компанија. Компанијата „Фаер Поинт“, која исто така произведува дронови и ракети, планира да произведува ракетно гориво во Данска за одбранбените потреби на Украина. Останатите украински компании кои произведуваат хаубици, ракети, дронови и друго оружје сè уште го прават тоа во земјата.
Свет
Над 2 милиони луѓе останаа во мрак во Мексико

Во југоисточниот дел на Мексико околу 2,3 милиони луѓе синоќа останаа без електрична енергија поради дефект на врските меѓу неколку мрежи.
Прекинот во електроснабдувањето траеше четири часа и предизвика хаос пред сè во сообраќајот, посебно во туристичкиот град Канкун. Во делови од градот речиси два часа беа во прекин телефонските услуги.
Најпогодени од прекинот на електрична енергија беа мексиканските сојузни држави Јукатан, Кампече и Кинтана Ро.
Свет
Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец лани, информира Европската статистичка агенција – Евростат.
Кога станува збор за августовските домашни туристички аранжмани, тие поскапеле за 6,8 отсто на годишно ниво, а странските за 1,6 проценти.
За споредба, во мај годинава цените на туристичките пакет аранжмани пораснаа за 1,7 отсто во однос на истиот лански месец.
Ваквите податоци укажуваат на ублажување на растот на цените на туристичките аранжмани, имајќи предвид дека во 2024 година и првиот квартал од 2025, поскапувања на пакет понудите на годишно ниво под 7,0 отсто беа регистрирани само лани во јули и во март годинава.
По земји, најголем раст на цените на туристичките пакет аранжмани на годишно ниво минатиот месец е регистриран во Естонија за 39,5 отсто, по што следуваат Бугарија со 23 и Данска со поскапување од 12 проценти.
Намалување на августовските цени на туристичките аранжманите на годишно ниво се бележат во само три земји членки на ЕУ и тоа Белгија од 7,0, Шведска од 5,6 и Шпанија од 0,1 отсто.