Црна хроника
Дрога и голема количина халуциногени средства најдени при претрес во Скопје
Приведен е 29-годишен велешанец, кој престојувал во Скопје, во чиј дом полицијата извршила претрес и пронашла дрога и поголема количина халуциногени средства.
„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР во кооординација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога го лиши од слобода М. С. (29) од Велес, со престојувалиште во Скопје. При претрес во домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш, поголема количина халуциногени средства и пари од продажба на дрога“, се наведува во соопштението.
М. С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.
Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

