Црна хроника
Тешко повредена скопјанка донесена во болница, таткото рекол дека паднала од скала
Триесет и двегодишна жена од скопското село Бојане вчера била донесена со тешки телесни повреди во Градската општа болница „8 Септемри“.
Како што пријавил нејзиниот татко, таа паднала од скала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Се апсеа дилери на дрога, за четири часа полицијата приведе 12 лица
По преземени мерки и активности на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 23.20 часот на 15.11.2024 до 03.50 часот на 16.11.2024 привеле 12 лица, соопшти МВР.
Б.П.(29) од Скопје бил приведен затоа што кај него биле пронајдени таблети, кај Б.Ј.Р.(21) од Скопје била пронајдена бела грутчеста материја, кај А.С.(21) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.Т.(23) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена таблета, кај Н.Н.(28) од Куманово бела прашкаста материја, кај А.С.(24) од Прилеп таблети, кај Д.М.(20) од Битола грутчеста материја, кај О.С(30) од Битола прашкаста материја, кај М.К.(23) од Битола бела грутчеста материја, кај И.К.(21) од Велес таблета, кај К.Л.(31) од Скопје таблети и кај Д.Р.К.(24) од Тетово била пронајдена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Притвор доби малолетникот кој со нож нападна две деца во Карпош
Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско. Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје и дека на 13.11.2024, исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје, соопшти МВР.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката
Црна хроника
Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
На 20.10.2024 во семејниот дом во гостиварско, пријавениот се обидел со секира да ја нападне неговата сопруга.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(54) од с.Леуново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство.
На 20.10.2024 во семејниот дом во гостиварско, пријавениот се обидел со секира да ја нападне неговата сопруга.