Македонија
Поранешни вработени во Здружение за возачи Кичево: Бараме одговорност за таткото на Антонијо Милошоски што не избрка на улица
Поранешните вработени од Здружението на возачи од Кичево, обвинуваат дека незаконски се избркани од работа пред 11 години, а здружението со политички притисок и уцени го презел таткото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
За нанесената штета, финансиска злоупотреба на Здружението од Кичево, СЈО отворило посебен предмет, но како што тврдат оштетените, само еднаш биле повикани како сведоци во 2017 година и тука застанал процесот. Со цел, да излезе правдата на виделина, како што изјави Спасе Србиноски еден од оштетените,тие поднеле барање предметот да го превземе обвинителството со кое раководи Вилма Рускоска и да го истражи до крај работењето на ова фирма кога управител бил Милош Милошоски, таткото на пратеникот.

„Поминавме голгота по судови и ниту една постапка не заврши во наша полза, а тоа се должи на политичкото влијание на пратеникот Милошоски како што и слушнавме во една од аудио-снимките дека влијаел на судии, сведоци за да го добие тоа што го сака. Затоа бараме надлежните инститции да го истражат целиот случај до крај за Милош Милошоски кој го презеде Здружението и вмешаноста на неговиот син , политичарот Антонијо. Ние во февруари поднесовме барање до ова обвинителство да ни кажат дали овој предмет е превземен од СЈО и доколку не е, да го обнови и процесуира. Ние стоиме на располагање со цврсти докази против Милош Милошоски , а постојат и други сведоци кои во јавноста ќе ја изнесат вистината на виделина“ изјави оштетениот Србиноски.
Како што објаснуваат поранешните вработени приказната за превеземањето на Здружението започнала во 2010 година, кога Милош Милошоски отворил нова компанија „Бреком“ и станал управител на неа, а на чело на Здужението на возачи бил назначен братот на Антонио, Александар. Таткото и синот според нив, го користеле Здружението за да се збогатат, со земање високи кредити, иако фирмата ја оставиле ликвидна со многу пари на сметка.

“ Според законот управител во оваа дејност не може да биде машински бравар како таткото на пратеникот, туку треба да има завршено Правен или Економски факултет. Згора на тоа еден по еден не брка сите од работа. Се обративме до судот во Кичево и Апелација во Гостивар, досудија дека не сме во право. Јасно ни е дека замешал прсти „Моќникот“, како што го нарекуваа во друг предмет на СЈО. Да имаш моќ, да средиш се во своја корист на сметка на човечки животи е безобразлук. За да биде целата приказна поинтересна, братот на Антонијо, станува управител на Здружението на возачи. Иако сите здруженија се побунија тој беше избран на нелигитимен начин на вонредна седница. Во здужението оставивме сметка со половина милион евра, а подоцна Милош зел кредит од 300 илјади евра што е не логично. Прашуваме каде отидоа сите тие пари и дали некој изврши проверка на финансиското работење таму и како Милошоски успеа да уништи се пред себе за да се збогати?“, јавно праша Србиноски.
Оштетените од Здружението на возачи Кичево порачаа дека ќе извршат притисок до надлежните како што велат да се расчисти нивната 11 годишна голгота, да им бидат вратени заостанатите плати, да им биде исплатен стресот и болката што ја преживеле, а оние кои го прекршиле законот да одговараат за нанесената штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерство за здравство: Активиран модул за изразување интерес за соработка на лекари од странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

