Регион
Шешељ ги повика Србите во САД да гласаат за Трамп
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/seseljk.jpeg)
Претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ ги повика во вторник сите Срби што се иселени во САД на претседателските избори да гласаат за Доналд Трамп, а потпретседателот на САД Џозеф Бајден го нарече „злосторник“.
Приврзаниците на Српската радикална партија во текот на денот во близина на кабинетот на српскиот претседател протестираа заради посетата на Бајден на Белград, а нивниот лидер за американскиот потпретседател рече дека „ја извалкал светата српска земја“, порачувајќи му дека „српскиот народ ја памети улогата на Бајден во бомбардирањето на Србија во 1999 година“, како и неговиот ангажман за независноста на Косово, при тоа додавајќи дека има причина „да го мрази“.Повикувајќи ги сите Срби што живеат во САД да гласат за Трамп на изборите за американски претседател, Шешељ рече дека тоа ќе биде глас за Србија.„Гласајте за Трамп, гласајте за Србија“, рече лидерот на радикалите. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Вучиќ: Нова влада од 20 март или предвремени избори
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-07-062844.jpg)
Владата на Србија, доколку се формира, треба да се формира до 19 или 20 март, а ако не, тоа значи дека изборите најверојатно би се одржале на почетокот на мај, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Говорејќи за Радио телевизија на Србија (РТС) во четвртокот вечерта, тој истакна дека „оставката на владата и нејзиниот премиер Милош Вучевиќ треба да биде објавена најдоцна околу 17 февруари“.
Тој посочи дека тоа значи дека од 17 февруари ќе почнат да течат роковите од 30 дена за формирање влада или распишување избори, пренесува Анадолија.
Тој изјави дека тоа се две опции утврдени со Уставот и дека првенствено би било добро да се обиде да создаде „една добра влада“.
Тој рече дека ќе продолжи да инсистира на дијалог со студентите кои протестираат во српските градови по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Вучиќ рече и дека не му е грижа кој ќе учествува во дијалогот бидејќи „секој разговор е лековит“, додавајќи дека можат да разговараат со секого, пренесе Танјуг.
Регион
Во БиХ утре нов дводневен бојкот на продавниците
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/prodavnici.jpg)
На иницијатива на граѓаните утре ќе има нов дводневен бојкот на пазарењето во трговските центри и супермаркетите во Босна и Херцеговина.
Неформалните група преку социјалните мрежи повикаа на нов бојкот како одговор на постојаното поскапување на основните прехранбени производи и покрај најавите на владините тела и мерките за нивно ограничување.
Министерот за трговија на БиХ, Амир Хасичевиќ изјави дека Владата планира да ги намали цените и да ги задржи на пониско ниво за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.
Според податоците на даночните управи првиот бојкот на продавниците што го организираа граѓаните на БиХ на последниот ден од јануари не бил успешен.
Граѓанските иницијативи во БиХ, Хрватска и соседните земји продолжуваат да вршат притисок врз властите и трговските синџири со цел да се спречат понатамошни неоправдани поскапувања на основните потреби, според медиумите во регионот.
Регион
(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-192004.jpg)
Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.
Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.
Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.
Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.