Црна хроника
Албански државјани ограбувале куќи во Врапчиште

Двајца албански државјани се уапсени под сомнение дека ограбувале куќи во Врапчиште.
Според информациите на МВР, синоќа во село Неготино, Гостиварско, биле уасени Б.Д.(20) и К.Д.(22), двајцата од Албанија, кои времено престојувале во куќа на жител од ова гостиварско село, поради сомнение дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште.
При претресот во просториите во кои тие престојувале биле пронајдени и одземени 42 разновидни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите.
Двајцата албански државјани се задржани во Полициската станица Гостивар. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против полицаец од Интервентна поради поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против А.Б. на работно место виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ.
Според документираните сознанија, пријавениот во текот на февруари и март годинава посредувал кај друг полициски службеник вработен на ГП Долно Блаце, односно понудил и дал поткуп со цел полицискиот службеник да не ја изврши својата службена должност, односно да не евидентира влез во државава на македонски државјанин на ГП Долно Блаце, така што од негова страна евидентиран е турски државјанин. Пријавениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а од страна на Основниот кривичен суд Скопје изречена му е мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност. Воедно ОВККИПС против А.Б. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
25-годишник од Велес со тешки повреди пренесен во болница: управувајќи мопед, паднал на коловозот

Вчера во 22:15 часот во СВР Велес е пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ во Велес, 25-годишниот К.П. од Велес управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од СВР Велес.
Црна хроника
При градежни активности на имот во Кисела Вода била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување гас

Вчера во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека при ископ и вршење градежни активности на имот на правно лице на булеварот „Борис Трајковски“, на подрачје на Кисела Вода во Скопје, била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување на гас.
Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и инспектор за животна средина излегле на местото и било констатирано дека од страна на фирмата „Нома гас“ биле исклучени вентилите и појасниле дека на местото нема присуство на гас.
Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 291 од Кривичниот законик – „уништување или оштетување на јавни инсталации“.