Спорт
Матиќ: Ако го прашате Видиќ за многу луѓе нема да има место во српскиот фудбал
Ден по оставката на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Салвиша Кокеза, во српската јавност, повторно се огласи фудбалерот на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ.
Матиќ, во ноември, незадоволен од она што се случува во и околу репрезентацијата, во ноември објави дека повеќе нема да настапува за Србија. Пред два месеци тој во отворено писмо до јавноста порача дека нов претседател на ФСС треба да биде Немања Видиќ.
За „Б92“, Матиќ повторно говорел за актуелните теми во српскиот фудбал.
„Човекот што ќе го преземе ФСС треба да има јасен план, јас мислам дека тој човек ќе биде Немања Видиќ. Што ќе се случува не знам, знам само дека доколку во иднина за некои работи треба да решаваме Немања или јас, дека многу луѓе повеќе нема да имаат место во домашниот фудбал“, рекол Матиќ.
Репрезентацијата на Србија, пред две недели, доби нов селектор. На кормилото на националниот тим застана легендата Драган Стојковиќ Пикси. Во наредните седум дена Србија во квалификациите за Светското првенство ќе игра против Ирска, Португалија и Азербејџан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
По дебаклот во дербито Партизан го отпушти тренерот
Фудбалскиот клуб Партизан, п вчерашниот дебакл во „вечното дерби“ и поразот од Црвенз звезда (3:0), му врачи отказ на тренерот Ненад Стојаковиќ.
Клубот потврди дека до крајот на сезоната тимот ќе го води поранешниот фудбалер на црно-белите, Дамир Чакар, а ќе му помага Ѓорѓије Ќетковиќ.
Стојаковиќ во ноември го презеде првиот тим од Срѓан Благојевиќ, кој во тоа време изненадувачки доби отказ.
Чакар ќе биде четвртиот тренер на Партизан, откако главен во спортскиот сектор е поранешниот фудбалер, Предраг Мијатовиќ.
Тандемот Чакар-Ќетковиќ го презема тимот на втората позиција, со четири бода помалку од Црвена звезда.
Спорт
Кристијано Роналдо ја објави одлуката за својата судбина
Незадоволен од политиката на клубот, Кристијано Роналдо бојкотираше три натпревари на Ал Наср.
Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери во историјата, и покрај стотиците милиони долари што ги добива, ќе ја напушти Саудиска Арабија.
Сепак, Роналдо го негираше сето тоа откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем.
„Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да останам тука. Оваа земја ме прифати мене, моето семејство, моите пријатели. Среќен сум и повторно повторувам, ќе останам тука“, рече Португалецот.
Со овие два гола, Роналдо се приближи до бројката од 1000 гола во својата професионална кариера. Му недостасуваат уште 36 погодоци од магичната граница.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Милан загуби од Парма и остана без Лофтус-Чик
Милан доживеа шокнтен пораз од Парма на „Сан Сиро“ (0:1) и остана без Англичанецот Рубен Лофтус-Чик
Милан во четири дена испадна од трката за титулата во Серија А. Во средата одигра нерешено на домашен терен со Комо (1:1), а синоќа на истото место беше шокиран од Парма.
По 26 рубди во Серија А, Интер е лидер со 64 поени, 10 повеќе од Милан, додека со по 50 поени следуваат Наполи и Рома.
Покрај поразот од Парма, проблем за Масимилијано Алегри е и тешката повреда на Лофтус-Чик.
Англиченацот имаше жесток судар со голманот на парма, Корви. Остана без неколку заби, заработи и потрес на мозокот, фрактура на вилицата, а според првите прогнози, го очекува долга пауза.
Foto/ depositphotos
Il portiere del Parma esce fuori tempo e commette un fallo criminale su Loftus-Cheek. Il tutto in area di rigore e con la palla in gioco. Rigore netto. Ruben portato in ospedale. Il killer Piccicini fa finta di niente, a Lissone i monitor erano spenti. Vi dovete vergognare pic.twitter.com/64TLKyVtLT
— Simon Templar ❤️🖤❤️🖤 (@FuSimonTemplar) February 22, 2026

