Црна хроника
Кривична пријава за лекар од Гостиварско кој издал лажни негативни ПЦР-тестови
Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар против лекар од гостиварско Чегране, кој издал лажни негативни ПЦР-тестови на лица на кои им биле потребни за патување во странство. За тестовите им наплатил вкупно 4.500 денари.
„Е.М.(45) се сомничи дека на 7 и 9 март, како лекар во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’ на две лица им изготвил лажни негативни ПЦР-тестови, кои им биле потребни за патување во странство и им наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4.500 денари.
Е.М., кој вчера (22.3.2021) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, a со кривичната пријава денеска ќе биде однесен пред Јавен обвинител“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

