Свет
По масакрот, фатен напаѓачот што уби 10 лица во Колорадо
Полицијата го идентификува осомничениот за убиството на десет лица во супермаркет во Колорадо.
Станува збор за 21-годишник по име Ахмад ал-Аливи Алиса.
Осомничениот, како што пренесуваат американските медиуми, е од Арвада, Колорадо, и бил во стабилна состојба по добивањето рана на ногата во судир со полицајци што одговориле на нападот.
Властите ги идентификуваа и преостанатите девет жртви откако претходно беше објавено дека меѓу убиените е и 51-годишниот полицаец Ерик Тали.
Жртвите биле на возраст од 20 до 65 години, изјави шефот на локалната полиција, Марис Херолд.
Осомничениот е ранет и се наоѓа на лекување во болницата, а треба да биде пренесен во окружниот затвор, рече адвокатот на округот Болдер, Мајкл Дагерти.
Истражителите сè уште не знаат зошто напаѓачот почнал да пука во продавницата, додаде Дагерти. Тој рече дека истрагата е во рана фаза, но дека детективите сметаат оти осомничениот е единствениот напаѓач.
Извор од полицијата изјавил дека напаѓачот бил вооружен со лесна полуавтоматска пушка „АР-15“.
Мотивот за настанот сè уште не е познат, велат официјалните власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

