Црна хроника
Приведени тројца крадци, расчистени 5 кривични дела

По преземени мерки и активности полициски службеници од ОВР Берово и ОВР Делчево на 22.3.2021 ги лишиле од слобода А.Ш.(47),А.Х.(48) и С.Д.(37), сите од Скопје.
Лицата се сомненичат дека истиот ден, на подрачјето на Берово сториле три кривични дела тешка кражба на дрзок начин, едно кривично дело кражба во Виница и една кражба во Делчево, при што од продажни објекти биле одземени разновидни производи.
Украдените предмети се вратени на оштетените граѓани.
По комплетирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Романец фатен со дрога на Табановце: во личниот багаж скрил марихуана

Вчера во 15:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот Д.В. од Романија.
При гранична контрола и преглед на патничко возило „дачиа“ со романски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Црна хроника
(Фото) Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога

Вчера во 12 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 38-годишната С.Ј. од Гостивар.
При претрес во објект и помошни простории во село Добридол, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две поголеми и едно помало пакување со марихуана.
Исто така, вчера во 18:00 часот, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други простории кај лицето С.Ш.(42) од Гостивар. При претресот биле пронајдени и одземени 34 пакувања со марихуана.
С.Ј. била задржана во полициска станица, а се преземаат мерки за пронаоѓање на С.Ш.. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Непрописно престигнувал колона возила на непрегледна кривина: уапсен возач од Крива Паланка

Вчера во 20:35 часот на магистрален пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот П.Д. од Крива Паланка затоа што со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал, извршил непрописно престигнување на колона возила на непрегледна кривина.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот – „безобѕирно управување на моторно возило“.