Свет
Суецкиот Канал сè уште блокиран, се работи на извлекување на заглавениот брод
Товарниот брод со контејнери сè уште е заглавен во Суецкиот Канал, што може да спречи најмалку 150 бродови да поминат денеска низ овој клучен морски премин додека се работи на отстранување на пречката, соопштија египетските власти.
Бродот „Ever Given“, кој плови под знамето на Панама и пренесува товар помеѓу Азија и Европа, се заглави поради силниот ветер во тесниот вештачки премин, што ги дели континентална Африка и Синајскиот Полуостров.
Утрово продолжија работите за поместување на бродот. Екипите се обидуваат да ги отстранат седиментите околу бродот и со помош на плимата да го повлечат со помош на влечење.
Еден службеник рече дека сите се надеваат дека нема да мора да истоваруваат контејнери од бродот, бидејќи тоа би било целодневна работа.
Операторот на бродот, БСС, изјави дека сите 25 членови на екипажот се добро и безбедни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел до цивилите во јужен Либан: Не враќајте се дома до понатамошно известување
Петмина здравствени работници загинаа во напад на Израел врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство, а Израел ги предупреди либанските цивили на југот да не се враќаат дома до понатамошно известување.
Привремениот либански премиер Наџиб Микати рече дека Соединетите Американски Држави и Франција водат разговори за прекин на огнот очигледно упатувајќи на дипломатските напори за посредување на примирјето што Израел го отфрли минатиот месец. Засега никој од Вашингтон или Париз не ги коментирал овие тврдења.
Блискиот Исток е во состојба на готовност стравувајќи од натамошна ескалација на конфликтот во регионот бидејќи се чека одговорот на Израел на минатонеделниот ирански ракетен напад, пренесуваат медиумите во регионот.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека Израел во текот на ноќта удрил во центар за цивилна заштита во селото Дердгаја, на 10-ина километри од границата, при што загинале пет болничари и спасувачи.
Израелската армија сè уште не се огласила за тоа. Повеќе од 2.100 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан во текот на изминатата година. Не се знае колку загинати цивили и колку борци.
Израел денеска ја потврди смртта на својот 12-ти војник во копнените операции во јужен Либан.
Израел им порача на жителите на јужен Либан во објава на социјалната мрежа Х дека им е „забрането да се вратат во своите домови, во селата и градовите до понатамошно известување за нивна безбедност“.
Свет
Сијарто: Унгарија е под притисок поради енергетската соработка со Русија
Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
„Секако дека има политички притисок врз Унгарија, тие сакаат да ја прекинеме енергетската соработка со Русија“, рече Сијарто на пленарната седница на меѓународниот форум за гас во Санкт Петербург.
Тој додаде дека одржувањето на енергетското партнерство со Москва е во интерес на Будимпешта.
Свет
(Видео) Ураганот на Флорида преврте мали авиони, објавена снимка
Снимките од Флорида сликовито го покажуваат ефектот на разорниот ураган Милтон врз делови од американската држава.
Venice, FL took a wallop from #HurricaneMilton as it rushed ashore on Wednesday evening.
Here’s a look at some of the sights and sounds our field correspondents caught on camera. pic.twitter.com/00El1bQTlA
— WeatherNation (@WeatherNation) October 10, 2024
На видеото се гледа мал авион, кој очигледно бил превртен од силен ветер. Излозите и улиците се преплавени со вода од зголеменото ниво на морето што ги придружува разорните урагани како Милтон.