Европа
Курц во кавга со лидерите на ЕУ поради поделбата на вакцини против Ковид-19
Лидерите на земјите членки на ЕУ не постигнаа договор на виртуелениот состанок на кој разговараа за дистрибуција на вакцини.
Според дипломатски извори, премиерот Андреј Пленковиќ побарал повеќе дози вакцини „Фајзер / Бионтек“ за да се надополни недостигот поради бавната испорака на „Астразенека“.
Се појави дисбаланс во поделбата на вакцините во ЕУ поради проблемите со „Астразенека“, што ќе испорача само една третина од ветените дози во првата половина на годината, известуваат европските агенции.
Со тоа оние земји што нарачаа најмногу од „Астразенека“, вклучително и Хрватска, останаа најсиромашни бидејќи сметајќи на вакцината „Астразенека“, тие се откажаа од дозите на другите производители што можеа да ги нарачаат според нивниот удел во вкупното население на Европската Унија, анализираат медиумите.
„Фајненшл тајмс“ пишува дека состанокот бил интензивен и дека бил прекинат откако било одбиено барањето на австрискиот канцелар Себастијан Курц за дополнителни дози на вакцини за Виена.
Меѓу земјите кои ја одбиле Австрија била и Германија, односно германската канцеларка Ангела Меркел, пишуваат агенциите.
Курц сакаше да осигури дека Австрија ќе стане дел од група на земји на ЕУ, на кои ќе им се дадат дополнителни дози на вакцина, откако се појави недостиг поради проблеми со „Астразенека“. Но, неговите барања за дополнителни дози, кои подоцна ќе бидат дистрибуирани помеѓу Австрија, Чешка и Хрватска, биле отфрлени од лидерите на ЕУ, ставајќи ја под знак прашалник потребата на Виена за вакцини пред погодените земји во Источна Европа кои заостануваат зад останатиот европски блок .
Холандскиот премиер Марк Руте кажал дека Австрија „не е во полоша состојба“ во однос на вакцините и дека блокот треба да размисли да им даде приоритет на Бугарија, Хрватска и Латвија. Овие три земји, пишува ФТ, постојано заостануваат од просечната стапка на вакцинација во ЕУ по недостиг поради доцнење во испораката на вакцината од „Астразенека“.
Ангела Меркел изјави дека е фрустрирана што Австријците ги критикуваат правилата на ЕУ, пренесуваат европските агенции. Таа на самитот кажала дека „договорите за вакцини биле потпишани од земјите-членки, а не од некои глупави бирократи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

