Македонија
Средба Пендаровски-Бурк: Северна Македонија е доверлив и стратешки сојузник на НАТО
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој е во работна посета на земјава по повод одбележувањето на годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и затворањето на НАТО канцеларијата за врски.
На средбата беше изразено задоволство од исклучително високото ниво на односи меѓу Република Северна Македонија и алијансата и беа разменети мислења и информации за соработката на Република Северна Македонија со Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол.
Претседателот Пендаровски ја поздрави поддршката што Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол ја дава за успешно завршување на процесот на нашето воено интегрирање во Алијансата.
„Одржувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашиот регион претставува колективен интерес на сите. Република Северна Македонија е подготвена да продолжи со реформите во одбраната и модернизација на Армијата согласно сите НАТО-стандарди, кои истовремено овозможуваат државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси и да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба“, истакна претседателот Пендаровски, додавајќи дека нашата земја во континуитет покажува дека е доверлив и стратешки партнер и сојузник на алијансата.
Во таа насока, претседателот истакна дека Република Северна Македонија и во иднина ќе продолжи активно да учествува во мисијата на КФОР во Република Косово, која е под директна команда на Неапол и да обезбедува логистичка и медицинска поддршка на алијансата, односно на НАТО предводената операција на Косово, каде е предвидено и зголемување на бројот на македонските припадници.
Соговорниците дискутираа за можностите за продлабочување на регионалната соработка и учество во регионалните НАТО-инцијативи и партнерства, кои би ја зајакнале стабилноста во регионот и во кои би можеле да го пласираме нашето искуство како нова земја членка на НАТО. Во таа насока, беа разгледани можностите за проширување на учеството на Република Северна Македонија во меѓународните мировни мисии предводени од аАлијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

