Контакт

Црна хроника

Покренато обвинение против Рамковски и за уште 22 осомничени

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за организиран криминал вчера поднело обвинение против Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија и уште 22 лица за злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување, даночно затајување и оштетување на доверители

dobivaj vesti na viber

Обвинителството го товари Велија Рамковски, за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од членовите на злосторничкото здружување и биле ставени во функција во зависност од потребите на членовите.Исто лице се појавувало како основач на повеќе фирми, управителите постојано се менувале. Според Обвинителството, доказ дека сите овие фирми биле меѓусебно поврзани говорел фактот што тројца од обвинетите биле овластени потписници за сите фирми.Според материјалните докази и превземените истражни мерки, една од фирмите во која имало тројца вработени на име изработка сценарија и режија за проекти и тоа документарни филмови, забавни, дебатни и контактни емисии до телевизијата доставиле фактури во износ од 3 милиони евра, кои биле книжени и за овој износ медиумот невистинито ги зголемил расходите и го одбегнал плаќањето на соодветни даноци.Според обвинението, исто така се исплаќале големи износи на име плати за вработените, главно во телевизијата, а притоа биле пријавувани на минимални износи на кои бил плаќан данок и придонеси, а во готово на новинарите и другите вработени им биле исплаќани многу поголеми износи, без да се плати данок за овие давачки.Во обвинението се опфатени и злоупотребите при плаќањето односно неплаќањето на рекламите, исплаќањето на огромни средства во износ од  околу 430 илјади евра од медиумот на приватните сметки на Рамковски и членовите на неговото семејство кои воопшто не биле вработени во телевизијата.Според обвинението, градењето на дивоградбата во која живее Рамковски и неговото семејство во Нерези била платена од сметката на телевизијата во износ од околу 270 илјади евра, а било прикажано дека се вршат градежни работи за телевизијата.Се переле пари преку повеќекратно плаќање  на исти веќе претходно платени фактури и тоа на странски фирми кои според обвинителството биле раководени од злосторничко здружение.Била извршена исплата од една од фирмите регистрирана како книговодствено биро на еден од пишаните медиуми за наводно рекламирање во износ од околу 880 илјади евра,Исплаќањето на платите во готово, на вработените во пишаните медиуми, собирањето на дневниот пазар во готовина, која никаде не била прикажувана.Во соопштението до јавноста, обвинителството соопштува дека додека работеле на овој предмет биле изложени и се уште се  изложени на невиден притисок од страна на медиумите на „Перо Наков“.„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја извести јавноста дека нема да подлегне на притисоците од било кој вид и дека ќе продолжи како и досега одговорно и законито да ги извршува своите обврски во гонењето на најсериозните облици на криминал во нашата земја“ се вели во соопштението на јавното обвинителство за организиран криминал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште

Објавено пред

Од

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.

На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино

Објавено пред

Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.

dobivaj vesti na viber

Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка

Објавено пред

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.

dobivaj vesti na viber

Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија2 часа

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија4 часа

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија4 часа

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа5 часа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион5 часа

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет6 часа

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет6 часа

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија7 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет7 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија20 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија20 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија23 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија1 ден

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија1 ден

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија1 ден

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија1 ден

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија1 ден

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија1 ден

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија1 ден

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...