Европа
Сквернавени стоици надгробни споменици на еврејски гробишта во Франција

Засега неидентификувани вандали осквернавиле стотици надгробни споменици на еврејските гробишта во градот Сар-Инон во Алзас на истокот од Франција, објави во неделата министерот за внатрешни работи Бернар Казанев, а претседателот Франсоа Оланд вети дека виновниците ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата.
Ова не е првпат ова еврејските гробишта во Сар-Инион да биде цел на вандалски напад, во 1988 година биле превртени шеесетина еврејски надгробни споменици, а во 2011 година беа уништени 54 гробови.
„Државата нема да ја заплаши оваа нова рана, којашто оди против сите вредности на францускиот народ“, изјави министерот за внатрешни работи Бернар Казанев.
„Тоа едноставно е незамисливо. Длабоко сум шокиран од она што се случи“, изјави градоначалникот на Сар-Инон, Марк Сене. Додаде дека „сквернавени се најмалку половината“ од околу 400 гробови на локалните еврејски гробишта.
Елисејската палата издаде соопштение во коешто се истакнува дека претседателот Франсоа Оланд остро го осудува вандалскиот чин на еврејските гробишта во источниот дел од земјата и вети дека ќе биде сторено се’ што е потребно злосторниците да бидат идентификувани и казнети.
„Претседателот на Републиката го осудува сквернавењето на еврејските гробишта во Сар-Инон во департмантот Долна Рајна. Во најкус рок ќе биде сторено неопходното за да се виновниците за овој одвратен и варварски чин да бидеа изведени пред лицето на правдата“, се вели во соопштението од кабинетот на Оланд што го цитира AFP.
Ова не е прв напад врз еврејски гробишта во Франција изминатите неколку години, а по нападот од 9-ти јануари во Париз врз еврејскиот супермаркет за кошер храна кога беа убиени четири лица, како и пред еврејското училиште во францускиот град Тулуз кога исламистички терорист во 2012 година уби три деца и наставник, и по саботното убиство пред синагогата во данската престолнина Копенхаген и кога ланскиот мај во нападот на Еврејскиот музеј во Брисел беа убиени четири Евреи, во неделата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори својот повик до европските Евреи дека Израел е подготвен да ги прими.
Обраќајќи им се на европските Евреи, израелскиот премиер во соопштението порача „Израел е вашиот дом. Подготвени сме да примиме масовна миграција од Европа. На сите Евреи во Европа им велам: Израел ве чека со раширени раце“. „Повторно тероризмот на екстремниот ислам удри на Европа. Повторно е убиен Евреин, бидејќи е Евреин, а тој вид напади ќе се повторува“, предупреди израелскиот премиер. Нетанјаху во писмената изјава уште рече дека неговата влада ќе усвои план со којшто ќе ги охрабрува еврејските имигранти од Франција, Белгија и Украина, каде што се значителни еврејските заедници, да имигрираат во Израел.
Првиот отворен повик на премиерот Нетанјаху веднаш по париските напади до француските Евреи да се преселат во Израел предизвика непријатност кај француските челници. Премиерот Мануел Валс реагираше дека заедницата од 550 илјади француски Евреи е цврста и сигурна и е интегрален дел од Француската Република.
Во Франција живеат најголемата муслиманска заедница и најголемата еврејска заедница во Европа. Меѓутоа, почнувајќи од 2009 година, речиси по три илјади Евреи годишно емигрираат од Франција во Израел. Се проценува дека од основањето на Државата Израел во 1948 година, досега таму се преселиле повеќе од 100 илјади француски Евреи. Меѓутоа, овој тренд особено зема замав последните години и поради зголемувањето на инцидентите во кои се истакнува нетрпеливоста кон еврејската заедница./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин