Црна хроника
Полицијата запленила неутрална материја на дилери

Полицијата во петокот не запленила хероин, туку се работи за неутрална материја со којашто се меша хероинот. Според МВР, станува збор за измама меѓу две групи кои се занимаваат со трговија на дрога, односно за нивно меѓусебно подметнување.
Наместо хероин групата од Македонија се обидела да му подметне на нарачателот од Австрија неутрална материја, која нема никаква материјална вредност.Во петокот околу 13.30 часот припадници на единицата за недозволена трговија со наркотици пронајдоа пет килограми дрога, за која се претпоставуваше дека е хероин. Уапсени беа три лица во тоалетот на Новата железничка станица, каде требало да се случи примопредавањето на дрогата.Дрогата била сместена во куфер со двојно дно, а токму во тоа дно биле сместени пет пакувања обвиткани со селотејп трака.Купувачот од Австрија ја нарачал дрогата преку организатор кој што требало да ги организира групите за да ја испорачаат дрогата во Австрија.Куферот стоел на автобуската станица во Скопје два дена, од каде што требало да биде преземен и едно од лицата кое веќе имало купено карта за Виена да го однесе таму. Полицијата има индиции дека овие лица можно е да се замешани и со групата која подолго време шверцуваше хероин во Австрија и Германија.„Можно е да има и други замешани, истрагата е сè уште во тек, постојат одредени индиции дека и овие три лица се еден дел, огранок од таа група која се бавеше подолг период со шверц на дрога на подрачјето на Австрија и Германија“ вели портпаролот на полицијата, Иво Котевски.Од МВР сè уште не знаат за кое дело на лицата ќе им биде поднесена кривична пријава. „Се работи сè уште со лицата, станува збор само за траги од хероин, не станува збор за хероин, бидејќи најголемиот дел од тие пет килограми кои што се запленети се неутрална материја. Продолжуваме да работиме со овие лица и доколку биде документирано некое друго кривично дело против нив ќе следува соодветна кривична пријава“, вели Котевски.Дел од овие лица веќе и се познати на полицијата, претходно биле предмет на обработка токму за вакви слични кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.