Црна хроника
На Блаце приведен турски државјанин за криумчарење мигранти

Турски државјанин вчера бил фатен на граничниот премин „Долно Блаце“ како со камион превезува мигранти.
„ На 26.03.2021 во 10.35 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници биле приведени Т.В.Ѓ.(43), турски државјанин, кој управувал товарно возило, со турски национални ознаки, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, како и М.А.А.Х.(24) и А.А.(39), двајцата од Сирија, бидејќи при извршениот преглед во возилото двајцата биле пронајдени во него при обид за илегално поминување на државната границa. Лицата се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции за понатамошна постапка“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.