Црна хроника
Притвор за скопјанец кој препродавал метадон на нарко зависници
Притворен е 27-годишен скопјанец кој илегално набавил и препродавал метадон на нарко зависници.
Станува збор за лице од Гази Баба со иницијали С.Р., соопшти МВР.
„При извршен претрес на домот и други простории каде што С.Р. живее, пронајдени се и одземени поголема количина на ампули дијазепам и 97 шишиња со метадон во амбалажа од по 10мл., поради сомнение дека илегално ги набавил и ги препродавал на нарко зависници. Од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на С.Р. му е одредена мерка притвор“, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен маж од Охридско, измамил жена со лажна сообраќајна незгода и ѝ зел 8.000 евра
Полицијата уапси измамник од охридско, измамил жена од струшко за сума од 8.000 евра.
Вчера во 11.40 часот во Струга, полициски службеници го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско.
Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение.
Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

