Спорт
Лука Модриќ за историја – со најмногу настапи за Хрватска
Хрватскиот фудбалски ас, Лука Модриќ влезе во фудбалската историја на својата земја по бројот на настапи за националниот тим.
Денеска од 18 часот запошна квалификацискиот дуел Хрватска – Кипар, а Модриќ е во првата постава на „коцкастите“ (имаат предност од 1-0 на полувреме).
Денешниот е 135-ти настап за Модриќ откако во 2006 година дебирираше за националниот тим на мечот против Аргентина.
Играчот од средниот ред кој настапува за Реал Мадрид на тој начин го прескокна досегашниот рекордер Дарио Срна кој остана на 135 настапи. Далеку зад нив се Стипе Плетикоса со 114 настапи, потоа следуваат Иван Ракитиќ (106), Јосип Шимуниќ (105), Ивица Олиќ (104), Ведран Чорлука (103) и Дарио Шимиќ со 100 настапи.
Во хрватскиот дрес Модриќ постигна 16 гола, а играше на три Светски и на три Европски првенства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фати во јануари ќе замине од Барселона, имал понуди од САД и Саудиска Арабија
Ансу Фати беше претставен како наследник на Лионел Меси, ја доби „десетката“ кога Меси замина од Барселона, но потоа повредите целосно го уништија.
Откако поради три операции не играше цела година, Фати беше испратен на позајмица во Брајтон. И таму имаше проблем со повредите, поради што не играше многу кај тренерот Де Зерби. Летово се врати во Барселона со надеж дека ќе го послужи здравјето.
Ги мина подготовките, Ханси Флик Му даваше шанса на одредени натпревари и кога се чинеше дека се оди во добар смер, Фати се повреди на тренингот на Барселона, непосредно пред репрезентаивната пауза.
Медиумите тврдат дека Фати во јануари ќе ја напушти Барселона. Наводно Лионел Меси сака да го види во Интер Мајами, а младиот напаѓач доби понуда и од Саудиска Арабија, поточно Ал Наср за кој игра Кристијано Роналдо.
Фати има договор со Барселона до 2027 година со огромна откупна клаузула, но во ваква ситуација јасно е дека Барселона ќе прифати значитално помала сума.
Спорт
Салах: Ливерпул ме разочара, сè поблиску сум до заминување
Мохамед Салах блеска оваа сезона во дресот на Ливерпул. Со два гола беше најзаслужниот за победата на својот тим од 3:2 против Саутемптон, со која „црвените“ стекнаа осум поени предност во однос на најблискиот пратител на табелата, Манчестер сити.
Салах има договоро со Ливерпул до крајот на сезоната. Не крие дека е разочаран од она што сега се случува. Досега клубот не ги започнал преговорите околу новиот договор.
„Речиси е декември, а се уште не сум добил понуда да останам во клубот. Во моментов сум поблиску до заминување отколку да останам. Во клубот сум со години. Нема друг клуб како Ливерпул. Но, на крајот на денот, ништо не е во мои раце. Ги сакам навивачите, и тие ме сакаат мене, но на крајот не одлучуваме ниту јас, ниту навивачите“, изјави Салах.
Запрашан дали е разочаран од раководството на клубот, популарниот Мо беше јасен.
„Нормално. Нема наскоро да се пензионирам, па само тренирам и играм. Фокусиран сум на сезоната, сакаме да ја освоиме Премиер лигата и се надевам и Лигата на шампионите. Разочаран сум, но ќе видиме што ќе се случи“.
Спорт
Барселона најде замена за повредениот Лапорвитола
Кошаркарскиот клуб Барселона најде замена за повредениот Николас Лапровитола. Аргентинецот поради тешка повреда ја заврши сезоната. Во Барселона на неговото место дојде поранешен НБА кошаркар.
Договор со Барселона до крајот на сезоната потпиша 32-годишниот Бразилец, Раул Нето.
Бразилецот помина осум сезони во НБА, каде одигра 464 натпревари за Јута Џез, Филаделфија, Вашингтон Визардс и Кливленд Кавалирс.
Тој имаше просек од 5,7 поени со 2,1 асистенции и 1,5 скока за околу 15:30 минути по натпревар во регуларниот дел од сезоната.
Во Барса пристигна од Пињерос, каде по рехабилитацијата од повредата во пет натпревари во бразилската лига просечно бележеше 16,8 поени со 5 асистенции, 3,2 скока и 1,6 украдени топки.
Ова нема да му биде прво искуство во Шпанија, бидејќи претходно играше за Сан Себастијан (2011-2014) и Мурсија (2014-2015) пред да замине во НБА.
Нето летото 2023 година потпиша договор со Фенербахче, но не играше за Турците бидејќи се повреди на Мундијалот, а потоа спогодбено го раскина договорот.
Важно за Барса е што Нето добро го познава дефанзивецот Томаш Саторански со кој беше соиграч во Визардс, а се очекува да дебитира во четврток во Евролигата, во дербито против Реал Мадрид.