Спорт
Роналдо се огласи по судискиот „грабеж“ во Белград

Кристијано Роналдо се јави со порака на Инстаграм по контроверзното 2:2 реми на Португалија на гости кај Србија, кога на ѕвездата на Јувентус му беше поништен чист гол за победа, по што следуваше негово „беснеење“ на судиите.
Бидејќи во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 не се користи гол-технологијата, чистиот гол на Роналдо не беше признаен од холандскиот судија Дани Макели.
„Најголема гордост и привилегија е тоа што сум капитен на Португалија. Секогаш сум го давал максимумот за мојата земја и тоа нема да се смени. Постојат и тешки моменти со кои се соочуваме, посебно кога ни е нанесена штета. Ќе ја кренеме главата и ќе одиме на новиот предизвик. Напред Португалија“, напиша Роналдо на Инстаграм.
What drama at the end of Portugal vs Serbia. Ronaldo scores but no goal line technology. pic.twitter.com/wa6ZgFp2qd
— Footy Videos (@manosbayku) March 27, 2021
Cristiano Ronaldo with pretty much the last kick of the game thinks he’s scored but officials say it didn’t cross the line ?? Ronaldo walks off the pitch in disgust throwing his captain’s armband down on the pitch ?? Finishes an entertaining 2-2 draw in Belgrade! #SRBPOR #WCQ pic.twitter.com/l6qvwNTMV0
— Matt White (@Matt_CAFC) March 27, 2021
Србија се спаси од Португалија, изненадувања во режија на Малта и Луксембург
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.