Спорт
Вајт го декласираше Поветкин во четири рунди

Британецот Дилијан Вајт му се одмазди на Александер Поветкин за шокантниот нокаут од минатата година, откако во тешкашката пресметка во Гибралтар, го победи рускиот ветеран во четири рунди за да стане еден од кандидатите за титулите на Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.
Поветкин минатиот август со фантастичен нокаут го изненади Британецот, но овојпат од стартот на мечот изгледаше споро и неубедливо, пред судијата да го прекине мечот на неколку секунди пред крајот на четвртата рунда, откако Русинот доби низа удари и изгледаше нестабилно на нозете.
Ова беше само втор доживеан нокаут во кариерата на Поветкин, откако загуби од Ентони Џошуа во 2018 година. Џошуа исто така го победи и Вајт, кој сега стана „преоден“ ВБЦ шампион во тешката категорија.
„Тажен сум што не завршив уште во првата рунда. Се обидов, но тој е цврст фајтер. и последниот пат го пратив во нокдаун двапати, но не ја завршив работата. Ако сака римеч, за вистинските пари, јас сум тука. Не требаше да загубам ниту првиот пат“, објаснува Британецот.
Whyte gets his revenge with a KO in round 4 over Povetkin! pic.twitter.com/qzPeoI7jEu
— The Sports Junky (@TheSportsJunky1) March 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Четири години од легендарното покажување на дресот на Меси и лутината на Роналдо

„Ел класико“ мечот од 2017 година ќе се памети долго време, најмногу поради херојскиот настап на Лионел Меси и легендарното покажување на дресот на Барселона на навивачите на „Сантијаго Бернабеу“, фотографија на која секој фудбалски фан се сеќава.
Голот кој Меси го покажа беше во судското продолжение и донесе драматична 3:2 победа на Барселона, која сепак, на крајот не значеше многу и Мадрид ја освои Ла лига. Роналдо никогаш не го заборави тој момент и таа прослава и го копираше неколку месеци подоцна во меч од Копа дел реј.
Но, неговата реакција по примањето на доцниот гол беше уште полегендарна. Покрај Зинедин Зидан, Роналдо врескаше и шутна шише со вода и според шпанските медиуми врескаше: „Требаше да го фаулирате“, зборувајќи за Серхи Роберто или за Меси. Марсело подоцна призна дека било негова вина што не го спречил нападот.
Спорт
Гигс нема да ги предводи Велшаните на Евро 2020

Велшката фудбалска асоцијација потврди дека нивниот селектор, легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс нема да го предводи тимот на Европското првенство ова лето откако денеска беше обвинет за напад на неговата поранешна девојка на крајот на 2020, за што може да добие петгодишна затворска казна.
„Велшката фудбалска асоцијација по одлуката на обвинителите да покренат обвинение против Рајан Гигс, може да потврди дека Роберт Пејџ ќе ја преземе улогата на селектор на тимот за Европското првенство ова лето, а негов помошник ќе биде Алберт Стујвенберг. Асоцијацијата нема да дава дополнителни коментари“, се вели во соопштението.
Пејџ го заменуваше Гигс по неговото апсење во ноември 2020, предводејќи го тимот до влегувањето во Лига А во Лигата на нации и стартот на квалификациите за СП во 2022 година.
Гигс играше во Манчестер јунајтед од 1990 до 2014, постигнувајќи 114 гола во 672 натпревари.
Рајан Гигс обвинет за напад на поранешната девојка, му се закануваат 5 години затвор
Спорт
Надал продолжи со „походот“ по 12-та титула во Барселона

Освојувачот на 20 гренд слем трофеи, Рафаел Надал, остана на добар пат до својата 12-та титула на Барселона опен, откако во полуфиналето со 6:1/6:4 го „збриша“ Британецот Камерон Нори.
За место во финалето, тој ќе се бори со подобриот од мечот помеѓу Аргентинецот Диего Шварцман и Шпанецот Пабло Карењо-Буста.
Во второто полуфинале, италијанската тениска сензација Јаник Синер со 6:2/7:6(6) го совлада Русинот Андреј Рубљов за да постави полуфинале против грчкиот фаворит Стефанос Циципас, откако вториот носител го совлада Канѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 6:3/6:3.
„Се обидувам да бидам подобар секоја недела. Рубљев одигра многу мечеви оваа сезона, а јас се обидував да ја играм мојата игра. Беше тешко да се затвори мечот“, вели 19-рангираниот Синер, кој со своите 19 години е најмлад полуфиналист во Барселона токму од Надал, кој пред 16 години стигна до полуфиналето како 18-годишник.
De esta manera, Rafael Nadal sacaba boleto a las semifinales en Barcelona 💪🏼#BCNOpenBS pic.twitter.com/4VRRh0dL4P
— Tenis Central (@Tenis_Central) April 23, 2021
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?