Црна хроника
Притвор за скопјанец во чиј дом е пронајдено оружје и муниција
Судот му одреди притвор на 47-годишен скопјанец за нелегално поседување поголема количина оружје и муниција. Вчера во неговиот дом во населбата Чаир полицијата изврши претрес по налог на судот и таму пронајде и заплени оружје и муниција.
„Осомничениот на 27 март 2021 година, во својот дом во Скопје, неовластено држел огнено оружје и муниција кои им се забранети на граѓаните. При извршен претрес, службените лица пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет со дрвен кундак, една ловна пушка пумпарица марка „FABARM”, една рамка со 30 куршуми и осум ловни патрони калибар 12 мм.
Во насока на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“ соопшти обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција
Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеци, извести СВР Велес.
– Бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти СВР Велес.
Црна хроника
Уапсен маж од Валандовско: управувал возило под дејство на алкохол
Вчера во 13:06 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода 46-годишниот Г.К. од село Јосифово.
При сообраќајна контрола во село Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.

