Спорт
Вињалес ја прекина доминацијата на Дукати во Катар
Маверик Вињалес и фабричката Јамаха покажаа дека ќе се најсериозни кандидати за Мото ГП титулата оваа сезона, откако Шпанецот го презеде водството на првата трка од сезоната, Катар ГП во Лосаил во вториот дел од трката и стигна до доминантна победа, додека за второто место имаше трилер-завршница во последниот круг, за Жоан Зарко да го совлада Франческо Бањаја, кој беше лидер на почетокот.
Дукати имаше две победи во последните две трки во Катар, и двата италијански мотоцикли беа доминантни на стартот, но Вињалес по спориот старт успеа да се врати во игра.
Бањаја во Дукати го заддржа првото место за Дукати на стартот, додека неговиот колега Џејк Милер, Жоан Зарко и дебитантот Хорхе Мартин ја покажаа силата на италијанскиот мотоцикл на првата кривина, поминувајќи ги возачите на Јамаха.
Мартин и Зарко се бореа за третото место, додека фаворитот Франко Морбидели падна на 20. место. По првиот круг, триото на Јамаха, Вињалес, Фабио Квартараро и Валентино Роси се регрупираа и почнаа да се придвижуваат напред. Вињалес го помина третопласириот Квартараро во 11. круг, два круга подоцна го мина и Зарко, а во 14. круг на ред да дојде Бањаја за во претпоследниот круг да направи разлика од 1.6 секунди. Ова е деветта победа во кариерата на Шпанецот.
Жоан Мир од 10. место на стартот стигна до второто место за Сузуки, откако го помина Зарко во претпоследната кривина, меѓутоа актуелниот шампион потоа направи грешка и дозволи Зарко и Бањаја да го победат и да го остават на четвртото место.
Квартараро беше на петтото место во Јамаха, Алекс Ринс беше шести за Сузуки, пред Алеш Еспархаро (Априлија) и неговиот брат Пол Еспархаро (Хонда), а Валентино Роси беше само на 12. место.
What a start to 2021! ?@mvkoficial12 overcomes the Ducatis to claim victory as @JohannZarco1 and @PeccoBagnaia deny @JoanMirOfficial late on! ?#QatarGP ?? pic.twitter.com/DHYRTJvfeZ
— MotoGP™? (@MotoGP) March 28, 2021
Dream start to 2021 for @mvkoficial12! ?
And a victory dedicated to a special someone in his life! ❤️#QatarGP ?? pic.twitter.com/YtVNqkrMJG
— MotoGP™? (@MotoGP) March 28, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.
Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.
Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.
Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.
Foto/ depositphotos
Спорт
Вашингтон со 48 поени го затрупа кошот на Крка
Кошаркарите на Партизан, во Љубљана ја победија Крка со 99:92, во АБА лигтата. Натпреварот го обележа Двејн Вашингтон со 48 поени.
Американецот, спречи уште еден кикс на Партизан, постигна половина од поените на својот тим. Партизан е втор во својата група со осум победи и еден пораз.
Вашингтот мечот го заврши со 48 поени, постигна 10 тројки од 14 обиди и го урна рекордот на Дерон Расел, кој во дресот на Морнар, во октомври 2022 година против Задар постигна 47 поени.
Со 10 постигнати тројки, Вашингтон на првото место, на вечната листа се изедначи соТему Ранико и Јосип Сесар.
Foto/ Krka, Drago Perko

