Спорт
Олмо ги спаси Шпанците во 92. минута во Тбилиси, Данците со осум „парчиња“ за Молдавија

Шпанската фудбалска репрезентација се намачи да стигне до 2:1 победа на гостувањето кај нашиот стар познаник Грузија во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022, со што тимот на Луис Енрике ја забележи првата победа по неубедливото реми со Грција во првото коло.
Во првото полувреме со малку шанси, Грузијците стигнаа до водство во финишот со убавиот гол на Хвича Кварацхелија во 44. минута од мечот. Шпанците имаа повеќе од поседот на топката и во 56. минута израмнија откако нафрлањето на Жорди Алба помина покрај Алваро Мората, но Феран Торес се најде на вистинското место за 1:1. Кога се сметаше дека Грузијците добија заслужен поен, во 92. минута од мечот, асот на РБ Лајпциг, Дани Олмо упати удар од огромна далечина, а грузискиот голман киксираше за три поени за „фуријата“.
Во Тирана, Англија стигна до 2:0 победа над Албанија, благодарение на головите на Хери Кејн (39.) и Мејсон Маунт (65.), додека во Копенхаген, Данска ја декласираше репрезентацијата на Молдавија со неверојатни 8:0. Данците постигнаа пет гола за 20 минути во првото полувреме за моќна победа.
Во нашата група Ј, старите „должници“ Ерменија, стигнаа до импресивна 2:0 победа над Исланд со головите на Тигран Барсегјан и Хорем Бајрамјан.
СП 2022, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Грузија – Шпанија 1:2
Косово – Шведска 20.45 ч.
ГРУПА Ф
Данска – Молдавија 8:0
Австрија – Фарски Острови 20.45 ч.
ГРУПА И
Албанија – Англија 0:2
Полска – Андора 20.45 ч.
ГРУПА Ј
Ерменија – Исланд 2:0
Романија – Германија 20.45 ч.
Македонија – Лихтенштајн 20.45 ч.
ГРУЗИЈА – ШПАНИЈА
⚽ ¡Goool, goool, goool de Dani Olmo en el 92'! ¡España le da la vuelta al partido con el 1-2!
📍 Le pegó durísimo desde fuera del área y el portero de Georgia no pudo evitar que entrara #DestinoCatar
📌 https://t.co/fmlspZDDr4 pic.twitter.com/AY38UsHZS0
— RTVE Deportes (@deportes_rtve) March 28, 2021
АЛБАНИЈА – АНГЛИЈА
ДАНСКА – МОЛДАВИЈА
ЕРМЕНИЈА – ИСЛАНД
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Елмас може да замине од Наполи за сума не помала од 25 милиони евра

Наполи ќе прифати понуда за Елиф Елмас, не помала од 25 милиони евра, тврди локалниот новинар Емануеле Камарото. Наполи се наоѓа во финансиска криза, поради што мора да продаде неколку фудбалери во летниот преоден рок. Покрај Елмс, претседателот Аурелио Де Лаурентс би подготвен да ги разгледа понудите за калиду Кулибали и Фабијан Руиз.
Борусија Дортмунд, Лидс јунајтед, Бенфика и Борусија Мехнехгладбах, во зимскиот преоден рок покажаа интерес за Елмас, но тогаш клубот не сакаше да разговара за неговиот трансфер, а и фудбалерот истакна дека ако замине од Наполи тоа ќе го направи по завршувањето на сезоната.
Италијанските медиуми сега тврдат, дека Борудија Дортмунд и Бенфика се уште се заинтересирани за Елмас.
Македонскиот репрезентативец, во Наполи пристигна во 2019 година од Фенербахче за сума од 16 милиони евра.
Спорт
Фјури бара да бидат објавени терминот и локацијата за мечот со Џошуа

Тајсон Фјури се закани дека ќе се повлече од борбата со Ентони Џошуа, доколку во наредните денови не биде одреден терминот и локацијата. Фјури, сепак се надевал дека борбата ќе се одржи.
Фјури и Џошуа ќе се борат за обединување на сите титули во тешка категорија. Џошуа е шампион во верзиите на ИБФ; ВБО и ВБА, а кај Фјури е појасот за најдобар во верзијата на ВБЦ.
„Ми кажаа дека имаме некоку големи понуди. Со нетрпение чекам да ги разгледам, сакам да видам дали се прифатливи или не и дали можеме да се договориме. Мислам дека борбата ќе се одржи. Се треба да биде познато за неколку дена“, рекол Фјури.
Британците немале апсолутен шампион во тешка категорија уште од Ленокс Луис, кој во 1999 ги освои, а во 2000 ги одбрани шампионките титули.
Спорт
Манџукиќ пред трансфер во Клуб Бриж?

Милан не доби ништо со ангажманот на Марио Манџукиќ. Поранешниот хртватски репрезентативец, во јануари за врати во Серија А, но се чини дека нема долго да се задржи на Апенсинскиот полуостров.
Манџукиќ има договор со Милан до крајот на сезоната и клаузула според која ќе добие нов договор, на една сезона, доколку постигне пет гола. Иако до крајот на Серија А остнаа уште осум натпревари, не е реално Хрватот да ја достигне оваа кота. Манџукиќ досега за Милан има одиграно само 158 минути, 90 од нив против Црвена звезда во Белград, во Лига Европа.
Белгиските медиуми, тврдат дека сериозен интерес за искусниот напаѓач покажале од редовите на најдобриот клуб во земјата, Клуб Бриж. Со овој клуб, но и со Андерлехт и Антверпен, Манџукиќ се поврзуваше и минатото лето, но тој тогаш реши да се пресели во Катар, во Ал Духаил. Во Катар тој се задржа само седум месеци, за Ал Духаил одигра 10 натпревари.
Манџукиќ има финансиски богата понуда од Саудска Арабија, од Ал Хилал, меѓутоа во Белгија тврдат дека Клуб Бриж имаат поголеми шанси да го ангажираат, поради лошото искуство што го имал во Ал Духаил.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш