Европа
Порошенко сака рускиот да го замени со англиски

Украинскиот претседател Петро Прошенко предложи во говорот на универзитетот во западниот град Л’вов во петокот да воведе англискиот наместо рускиот како втор јазик кој ќе се изучува во украински училишта.
„Англискиот би требало да стане вториот јазик кој се учи во училиштата, бидејќи постои врска меѓу животниот стандард нивото на познавањето на англискиот кај населението на некоја земја“, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко, кој свето богатство проценето на неколку милијарди долари го стекна преку својата кондиторска индустрија „Рошен“ чии производи главно беа пласирани на рускиот пазар кој има диплома од меѓународни економски односи и наводно одлично го владее англискиот јазик.
Порошенко на студентите им го наведе примерот на Сингапур, кој инаку до 1963 година беше британска колонија, каде што во 1950-те години беше одреден англискиот како втор официјален јазик во земјата.
Украинскиот беше официјален јазик од прогласувањето на земјата од 1991 година, а таков статус го имаа и рускиот, кој како мајчин го наведуваат барем половината од вкупното население, и другите јазици на етнички групи во регионите каде што претставуваа мнозинство.
Откако со февруарските безредија во Киев тогашната прозападна опозиција го собори претседателот Виктор Јанукович, веднаш беше поништен законот за јазиците со кој рускиот го загуби статусот на службен што беше една од причините за побуната на доминантно рускојазичните региони на југоистокот од Украина кои во почетокот бараа федерализација на земјата, но подоцна исклучија секаква можност да се вратат во нејзиниот состав и прогласија ткн Народни републики во Донецк и во Луганск. Со мировниот план, украинскиот парламент изгласа закон со кој на овие регион им се дава „специјален“ статус во период од три години, што официјален Киев го толкува како зачувување на територијалниот интегритет и ништо повеќе од зголемени административни права./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.