Свет
Стотици бродови чекаат премин преку Суецкиот Канал, објавени фотографии од воздух
Огромниот брод што го блокира Суецкиот Канал речиси една недела е поместен во понеделникот рано наутро, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Бродот „Евер гивен“ беше успешно помесетен во 4.30 часот утрово, а оттогаш за работи на негово обезбедување, се вели во краткиот извештај.
„Весел фајндер“, страница што се занимава со следење на бродовите, го смени статусот на овој брод со назнака дека е „на пат“. Тоа практично значи дека пловилото веќе не стои во место.
Во меѓувреме, се создаде огромен метеж во поморскиот сообраќај пред Суецкиот Канал. Најмалку 369 брода чекаат премин. Многу транспортери размислуваат за повторно активирање на старата морска рута околу Африка. Блокадата на каналот ги наруши синџирите за снабдување и ги погоди глобалните пазари, а штетата се проценува на милијарди долари.
Засега е непознато кога Суецкиот Канал повторно ќе се отвори за сообраќај.
?The Ever Given is floating?pic.twitter.com/GNzlzaom8q
— Evan Hill (@evanchill) March 29, 2021
Како изгледаше морето пред каналот во текот на вчерашниот ден може да се види на фотографиите.

„Застојот на влезот на каналот ќе трае со денови“, проценува капетанот од Риека, Балдо Волариќ, капетан на танкерот „Стена суприм“, кој од саботата попладне е пред Порт Саид, на северниот крај од Суецкиот Канал. Овој танкер е на пат од Ротердам до пристаништето на Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати.
Волариќ за хрватските медиуми одговора на прашањето кој е одговорен за управување со бродот кога минува низ Суецкиот Канал – капетанот или кормиларите.
Капетанот е секогаш одговорен, дециден бил морнарот од Риека, додавајќи дека истрагата ќе покаже дали капетанот бил во командната соба во моментот на заглавување или не. Според него, улогата на кормиларот е речиси секогаш советодавна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Обвинител: Грабежот во Лувр е дело на ситни криминалци, а не на професионалци
Спектакуларната кражба на накит од 88,4 милиони евра во музејот Лувр минатиот месец не е дело на професионални крадци во холивудски стил, туку на група ситни криминалци, изјави вчера париската обвинителка Лаура Бекуо.
Иако грабежот бил извршен сред бел ден и траел помалку од седум минути, профилите на уапсените осомничени досега укажуваат на локални криминалци од сиромашните северни предградија на Париз, а не на врвот на организираниот криминал, објавува Ројтерс.
Пред две недели, двајца мажи користеле кран за движење за да стигнат до вториот кат од музејот, скршиле прозорец и користеле аголни брусилки за да отворат витрини. Тие избегале со пленот на скутери управувани од двајца помагачи.
Сепак, низа аматерски грешки фрлаат сомнеж врз нивната професионалност. За време на нивното бегство, тие го испуштиле највредниот накит – круната на царицата Евгенија, украсена со злато, смарагди и дијаманти. Тие оставиле алатки, ракавица и други докази на местото на злосторството, а не успеале ниту да го запалат камионот што го користеле.
„Тие се локални жители“
„Ова не е баш секојдневна деликвенција… но е еден вид деликвенција што обично не ја поврзуваме со повисоките ешалони на организираниот криминал“, изјави обвинителката Бекуо за радиото Франсинфо, нагласувајќи дека профилите на четворицата уапсени не се совпаѓаат со професионалци способни за сложени операции.
„Тие се локални жители. Повеќе или помалку сите живеат во Сеин-Сен-Дени“, додаде таа, мислејќи на посиромашната област северно од Париз. Една недела по грабежот, уапсени се првите двајца осомничени: 34-годишен Алжирец и 39-годишник кој веќе бил под судски надзор.
И двајцата живеат во Обервилиер, северно предградие на Париз, и „делумно признаа“ за нивната вмешаност. 37-годишен маж и неговата 38-годишна партнерка, со која има деца, исто така беа уапсени кон крајот на октомври.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Уапсен поранешниот српски кошаркарски репрезентативец и активист Владимир Штимац
Поранешниот кошаркарски репрезентативец и активист Владимир Штимац беше уапсен синоќа во Белград. Како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, Штимац е уапсен пред зградата на РТС.
Инаку, српското Министерство за внатрешни работи кратко по 2 часот наутро објави дека привело 37 лица кои, како што велат, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти пред Собранието. Додадоа дека трагаат по други сторители на истите дела. Провладините таблоиди објавуваат дека, како што велат, тој е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград бидејќи „цел ден поттикнувал насилство пред Собранието“.
За потсетување, Штимац вчера остро реагираше по инцидентот пред српското Собрание, испраќајќи порака до претседателот Александар Вучиќ за нападот врз млад човек кој дошол да ги поддржи демонстрантите.
На платото пред Собранието, неколку десетици луѓе од шаторската населба позната како „Чациленд“ го нападнаа младиот Ненад, член на кампањата „Да трчаме за студентите“. Тој минувал за да ја поддржи Дијана Хрка, мајка на млад човек кој трагично загина при пад на настрешницата во Нови Сад пред една година, а напаѓачите му го одзеле знамето со натпис „Трчам за студентите“.
Je li bre slino slinava jel se ovako izvinjavaš! Folirantu! @avucic https://t.co/tH4iYPx3H5
— Vladimir Štimac (@stimac15) November 2, 2025
Кратко по инцидентот, познатиот кошаркар објави кратка и директна порака до Вучиќ.
фото: принтскрин
Свет
Трамп: Не размислувам да испратам ракети „Томахавк“ во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел.
На прашањето на новинарите во „Ер Форс Уан“ дали размислува да ѝ го даде оружјето на Украина, Трамп одговори: „Не, не баш. Можеби ќе има промена, но во овој момент не го разгледувам тоа“.
Пентагон даде одобрение, одлуката зависи од Трамп
Пентагон одобри Белата куќа да испрати крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел во Украина откако процени дека тоа нема негативно да влијае на снабдувањето на САД, а конечната политичка одлука зависи од претседателот Доналд Трамп, потврдија тројца американски и европски функционери запознаени со ова прашање, објави Си-ен-ен во петокот.
Трамп призна претходно овој месец на работен ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа дека би претпочитал да не ѝ ги дава ракетите на Украина бидејќи му се потребни за да ги заштити Соединетите Американски Држави. Здружениот штаб на американските вооружени сили ја информираше Белата куќа за својата проценка претходно овој месец, пред состанокот на Трамп со Зеленски.
Украинскиот претседател ги бара ракетите за да може поефикасно да ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура длабоко во Русија. Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од околу 1.600 километри. Трамп неколку дена пред средбата со Зеленски рече дека САД имаат „многу ракети Томахавк“ што потенцијално би можеле да ѝ ги дадат на Украина.
фото: принтскрин

