Црна хроника
Кумановец убил две жени, па се самоубил

Кумановец од село Бедиње убил две жени, па се самоубил претпладнево во кумановската населба Бедиње.
Според првичните информации од СВР Куманово, четириесет и двегодишниот Марјан С. претпладнево околу 11.30 часот дошол во куќата каде живеела триесет и деветгодишната Фросина С. во истата населба. Во куќата била и сосетката на Фросина, четириесет и петгодишната Валентина С.
Марјан ги застрелал двете жени со пиштол, па се самоубил. Се уште нема информации за поврзаноста на мажот со жените и причините убиствата.
Екипи на СВР Куманово, истражен судија и јавен обвинител вршат увид на местото на трагедијата. крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Притвор за српски државјанин кој кај Гевгелија возел со лажни италијански таблички

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за фалсификување исправа.
Осомничениот на 24 јули, на регионалниот пат Гевгелија – Богданци управувал автомобил Фолксваген поло со лажни италијански регистарски таблички.
Полициски службеници во близина на раскрсницата Ѓавато му дале светлосен знак да застане за да извршат редовна контрола. Но осомничениот не запрел туку го забрзал возилото, а полицајците го следеле. Кај местото викано „Карпи“ го оставил автомобилот и побегнал, но по кратко време бил пронајден. Полицијата констатирала дека осомничениот не поседува сообраќајна дозвола или каква било друга документација за да се утврди потеклото на возилото, додека регистарските таблици припаѓаат на друго возило.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија определи мерка притвор во траење од осум дена за осомничениот.
Црна хроника
Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

АМСМ информира за прекин на сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка поради сообраќајна несреќа.
Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај ресторан „Фемили“ од 13:00 часот е во прекин, соопштија надлежните.