Македонија
Филипче: Не им е потребна дополнителна терапија на оние што се вакцинираа во Србија

Граѓаните што примиле прва доза од вакцината на „Астра зенека“ во Србија нема потреба да земаат дополнителна терапија, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче. Сите ќе бидат ревакцинирани за што министерот очекува дополнителни препораки.
„За некои од граѓаните што се вакцинираа во Србија, сакам да кажам дека нема препораки оти нешто превентивно треба да се прави ако некој примил доза. Да не земаат на своја рака ‘клексан’ или ‘фраксипарин’ против згрутчување на крвта, нема потреба. Ретки се случаите со несакани ефекти“, рече министерот Филипче.
Викендот и минатата недела претпоставките се дека во Србја вакцината на „Астра зенека“ ја примиле повеќе од 12.000 Македонци. Меѓу нив е и пулмологот Анѓелко Ѓорчев кому му се слошило по вакцината, паднал во длабока кома и сместен е во новиот Клинички центар во Ниш, но српските здравствени власти изјавија дека неговата состојба не е последица на вакцинирањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.