Компании
Голем интерес за воведување енергетски менаџмент во работењето на компаниите
Претставници на над 50 компании покажаа голем интерес за воведување енергетски менаџмент во своето работење.
На симпозиумот за енергетски менаџмент што во вторник го организираше ЕВН Снабдување, компаниите што се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар имаа можност да се запознаат со можностите на енергетскиот менаџмент со чија примена се обезбедува поголема ефикасност во работењето и намалување на трошоците за енергија.
Со имплементирање на енергетскиот менаџмент компаниите ќе ги намалат трошоците за електрична енергија во своето работење над 30%, а на тој начин ќе ја зголемат нивната конкурентност и ќе ги зајакнат своите позиции на пазарите.
„За компаниите од суштинско значење е секоја можност за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста во работењето, а токму енергетскиот менаџмент е вистински одговор за тоа. ЕВН Снабдување преку своите стручни тимови и во соработка со нашите партнери кои имаат огромно искуство во оваа област ќе им помогне на сите заинтересирани компании да ја имплементираат оваа алатка и да обезбедат сигурен развој за своите бизниси“, истакна Нико Берберу,менаџер на „ЕВН Снабдување“.
Енергетскиот менаџмент преку енергетска ревизија која ја вршат специјализирани компании ги утврдува сите слабости во потрошувачката на електрична енергија во компанијата и нуди конкретни решенија за нивна промена, со што се овозможуваат сериозни заштеди. ЕВН Снабдување преку своите ексклузивни партнери – компанијата Алплан, кои се со големо искуство во оваа област на пазарите во ЕУ, ќе ја направи оваа можност подостапна и за македонските компании.
„ЕВН Снабдување, како дел од групацијата на ЕВН, има пристап до огромно искуство и „know-how“ во работење на отворен пазар и ние искуствата од групацијата сакаме да им ги направиме достапни на компаниите овде, на македонскиот пазар. Искуството од примена на енергетскиот менаџмент дава одлични резултати на пазарите во Југоисточна Европа и ние преку нашите активности ќе го направиме достапен и за македонските компании“, изјавиМаркус Брандштетер,менаџер на „ЕВН Снабдување“.
На симпозиумот пред претставниците на бизнис заедницата беа презентирани придобивките од примената на енергетскиот менаџмент од страна на компанијата „Џонсон Мети“. Оваа компанија веќе го имплементираше енергетскиот менаџмент во своето работење.
ЕВН Снабдување е лидер на слободниот пазар на електрична енергија во Македонија со над 60% удел од компаниите на слободен пазар приклучени на дистрибутивниот систем. Компанијата располага со стручен тим преку кој нуди услуги, експертиза и сервиси на компаниите на дневна основа, овозможувајќи им стабилен развој на нивните бизниси.
ЕВН Снабдување е членка на „ЕВН Групацијата“ која има околу 8000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји. Искуството и знаењето на групацијата од работење на либерализиран пазар на ЕВН Снабдување ѝ овозможи огромна поддршка во креирањето на најдобри понуди на македонскиот пазар. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

