Македонија
МВР ги објави потерниците за наркобосовите од Грчец

Највозрасниот од наркобосовите што се осомничени во истрагата за предметот „Планина“ има 42 години, а најмладиот – 20. Министерството за внатрешни работи ги објави меѓународните потерници по нив, а по наредба од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое се сомнева дека шетмината се избегани надвор од државата. Петмина од нив се од Грчец, а еден од Гази Баба. Дека се бараат со потерница, известен е и Интерпол. По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Бајрами Седат, од т. Абдиљ, м. Фазиле, роден 10.7.1989 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 5 бр. 18. Зендели Егзон, од т. Муамер, м. Зумрије, роден 10.9.2000 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 5 бр. 21. Љатифи Бесир, од т. Вазул, м. Назире, роден 30.9.1991 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 6 бр. 4. Љатифи Сенад, од т. Вазул, м. Назире, роден 14.7.1994 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 6 бр. 4. Муареми Иљаз, од т. Беџет, м. Фекрие, роден 1.9.1978 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 5 бр.3. Рогачи Исмаил, од т. Насер, м. Мируше, роден 8.3.1993 година во Скопје, каде што и живее на улицата Ордан Чопела бр. 75-а“, се имињата на наркобосовите по кои се трага, објавени на страницата на МВР.
Од Обвинителството не сакаат да образложат како осомничените успеале да избегаат иако обвинителката Вилма Русковска рече дека им биле следени комуникациите, но и физички биле следени. Повикувајќи се дека е во интерес на постапката да не се споделуваат детали со јавноста, не одговараат ниту зошто акцијата била спроведена во моменти кога се знаело дека е пробиена.
„Обвинителството не е во можност да споделува детали во врска со начинот и постапката за преземање на ваквите дејства. Планирањето на операциите е предмет на оперативно-тактички доктрини, кои се резултат на тимска работа на интердисциплинарни истражни тимови, а одлуката за секој чекор се носи по процена на сите аспекти на конкретниот случај“, велат од Обвинителството.
Инаку, во петокот, во акцијата „Планина“, беа уапсени 21 лице за кои обвинителката Вилма Русковска рече дека се продавачите на дрогата.
Наркобосовите избегаа, а за акцијата, обвинителката рече дека била пробиена. Тие успеале со себе да ја понесат и дрогата, а во моментот на спроведување на акцијата локациите каде што се чувала биле исчистени. Во акцијата не се запленија ниту најлуксузните возила што ги поседуваат водачите на групите, а пронајдени се само клучевите од нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист во близина на Крушево, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Параглајдеристот нема сериозни повреди.
Претходно, попладнево од страна на полициската станица Крушево, ДЗС доби информација дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.
Бидејки локалните сили не можеа да го симнат повредениот параглајдерист, итно беше активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување,
Македонија
Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое моментално ја издржува затворската казна.
Настанот се реализира под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, како дел од заложбите за почитување на човековите права и обезбедување правна сигурност за сите, без исклучок, соопшти Управата за извршување санкции.
Со оваа регистрација, лицето се стекна со правен идентитет – важен предуслов за пристап до здравствена, образовна и социјална заштита, но и чекор напред кон успешна ресоцијализација.
Од Управата додаваат дека ваквиот чин е резултат на добра координација меѓу затворската управа, стручните служби и релевантните институции, и покажува дека и во пенитенцијарниот систем постои волја за хуманост, инклузивност и правичност.
Македонија
Нов ЕХО апарат на гинекологија во Чаир за побрза и попрецизна дијагностика

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“ во Чаир доби нов ЕХО апарат, со кој значително се подобрува дијагностиката кај бремените жени и пациентките со гинеколошки проблеми.
Апаратот, вреден над 3,5 милиони денари, е обезбеден со поддршка од АД МЕПСО, која донираше над 2,7 милиони денари, како и со сопствени средства на болницата во износ од 800 илјади денари.
„Со новата апаратура ја зајакнуваме грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно. Зад секој апарат стои грижата за секоја жена, за секоја бремена мајка, за секој нов живот“, изјави министерот Азир Алиу за време на денешната посета на установата, придружуван од директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи.
Оваа инвестиција претставува чекор кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги и грижата за женското здравје.